тенковитурски

Турската војска влезе во Идлиб

Вооружените сили на Република Турција соопштиле дека вчера започнале извидувачките активности, вклучувајќи и поставување на контролни пунктови во сириски идлиб. Идлиб во кој припадниците на турската војска ќе бидат ангажирани со цел следење на имплементацијата на прекинување на судирите која е договорена на мировните преговори во Астана-Казахстан.

Сходно договорот од Астана, земјите кои гарантираат на прекинот на судирите во Идлиб, Турција, Русија и Иран ќе ангажираат Контролни сили за намалување на тензиите во овој сириски регион.

Вооружените сили на Турција денес соопштија дека вчера започнале со подготовките на извидувачките активности за проведување на ова мисија.

Во соопштението се наведува дека турските сили сите активности поврзани за Идлиб  ги спроведуваат во склад со принципите кои ги договорија земјите гарантери во Астана.

Мировниот процес во Астана започна кон крајот на декември минатата година, а во меѓувреме договорено е и воспоставување на четири таканаречени неконфликти зони во Сирија во кои треба да се обезбедат услови за спроведување на примирјето, допремување на хуманитарна помош, враќање на бегалците и почеток на мировни решенија за проблемите. Идлиб представува една од зоните во кои силите на земјите гарантери на терен ќе ја следат имплементацијата на договорот.

Извор:трт




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


6 − = four

%d bloggers like this: