IMG_9065 (Copy)

Интервју со др.Сејад Солакоски кандидат за градоначалник на Општина Струга

IMG_9065 (Copy)

Во рамките на информативниот дел од програмата на Дубаи Портал на предвидени разговори и интервјуа со кандидатите за градоначалници на Општина Струга, по повод предстојните локални избори, во прилог Ви го пренесуваме нашето интервју со г-динот Сејад Солакоски, кандидат на  ВМРО ДПМНЕ и коалицијата ЗА ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА.

Дубаи Портал: Ке може ли нешто во кратки црти да ни кажете кој е Сејад Солакоски, нешто околу вашиот семеен живот и се разбира секојдневните активностите надвор од политиката?

Солакоски:Најпрво дозволете ми да ви се заблагодарам за просторот што го одвојувате во вашиот ценет медиум и за вашиот интерес за мене и за мојата програма.
Јас сум Сејад Солакоски од Лабуништа, по професија сум доктор, родител на 3 дечиња, спортски работник и заљубеник во фудбалот, пријател, сосед, другар. Во нашиот регион добро се познаваме, јас сум матичен лекар и човек чија најголема грижа е здравјето на луѓето но и благосостојбата и напредокот на Лабуништа и на нашиот регион и Струга во целост.

Дубаи Портал: Одлучивте да ја прифатите кандидатурата за градоначалник на Опптина Струга, дали покрај тоа што бевте предложен од страна на вашата политичка партија имавте и некој друг мотив, што Ве натера да ја прифатете и влезете во изборнава трка на локалниве избори?

Солакоски:  Видете, кандидатурата за градоначалник е многу голема чест пред се. Да се биде кандидат, означува да се побара доверба од народот. Јас сум од регион во кој живее народ кој многу работи, кој силно си го сака својот регион и сака најдобро за својот регион. Нашиот народ е исто така народ кој цени според тоа кој си и што до сега си направил во својот живот. Сметам дека најголемата мотивација да ја прифатам кандидатурата за градоначалник беше мојата доверба во мојот народ. Доверба во луѓето со кои се гледам секој ден, со кој соработувам, со кој живеам. Доверба во своите сограѓани, доверба од своите пријатели роднини дека е дојдено време да подржат човек кој го познаваат лично. Човек за кој знаат дека е тука за нив, како доктор но и како сосед и пријател.

За мене е исто така значајна подршката од најсилната политичка партија но одлучувачки фактор сепак претставуваше подршката од своите најблиски, подршката на сите луѓе со кои се среќава во мојот регион но и во цела Струга. Дополнителна мотивација ми беше фактот дека сите предходни градоначалници добиле најголема подршка во нашиот регион, а нивниот допринос за нашиот регион е најмал со што јасно покажуваат големо потценување! Ова мора да се промени!

Дубаи Портал:Во текот на Вашите посети на населените места и средбите со граѓаните, и каде што бевте запознати со проблемите со кои се соочуваат, сметате ли дека вашиот избор за градоначалник може да допринесе за решавање на истите?

Солакоски: Видете, јас сум лекар но и менаџет и спортски работник. Тоа значи дека како што лекар мора да направи дијагноза на еден пациент, јас како менаџер направив дијагноза на проблемите во Струга и Струшко заедно со својот тим. Во текот на составувањето на својата програма направив анализа на проблемите во секое населено место и во град Струга. После добро направената анлиза, подготвив добра стратегија и план како да се надминат овие проблеми кои се големи и многу важни за сите жители во општина Струга.
Специјален интерес за мене претставува регионот во кој живеам. Тоа е Лабуништа, Подгорци, Октиси и Боровец. Сметам дека ова е регион во кој може многу да се направи и затоа и подготвив посебна програма за нашиот регион.Јас сметам дека болниот човек најмногу посакува да оздрави. Ако нашиот регион и град Струга е еден болен организам, верувам дека народот ќе реши дека ова треба да се смени и ќе гласа за подобар живот и развој. Кој подобро може да допринесе за развојот од човек од народот.
Ние мора да разбереме дека живееме во Општина која е една од најзагадените. Општина во која нема канализации, патишта, вода,.. работи кои се од минатиот век.
Во текот на моите посети од врата на врата сум посетил стотици семејства и болката и проблемите се исти насекаде.

Дубаи Портал: Од Вашата програма која ја најавувате преку Вашите изјави, и собири на кои присуствувате, забележително е дека опфаќате и најавувате реализација на проекти кои се од важност за околните населби, сметате ли дека за истите постои можност за нивна реализација, и ќе ни наброите ли некои од нив и за кои населби се однесуваат?

Солакоски: Да. Скоро секој ден јас промовирам дел од својата програма. Истата е направена на реални основи и е реално остварлива. Мене ме познаваат како човек кој си стои на зборот. Јас верувам дека мојот тим ќе оствари голем дел од зацртаните проекти.
Би сакал да напоменам само неколку кои сметам дека се значајни за нашиот регион:
За Лабуништа е предвиден нов урбанистички план кој ќе дозволи за дополнителен развој на населното место, проширување на опфат, плански развој на населеното место и доколку сме во можност и изградба на пат кој би бил ринг околу самото село.  Дополнително би споменал и отварање на канцеларија на општина Струга и сите локални институции со цел жителите на Лабуништа без поголеми расходи да може да ги остварат своите потреби.

Инвестиции во делот на инфраструктурата и образованието. Реновирање на училиштато и поставување фотоволтаични панели со цел намалување на расходите за Струја. Исто така Лабуништа има голем проблем со водата во летните месеци. Тоа е генерален проблем во Општината кој ќе се решава со преструктурирање на Проаква но и инвестиции за осигурување на редовно снабдување со вода на населението.

Инвестиции во делот на осветлување на Лабуништа но и комплетна забрана за отварање на нови каменоломи и воведување на ред во делот на комуналната хигиена и одлагањето на сметот. Во делот на Подгорци зацртано е изградба на спортска сала, инвестиции во пристапни патишта и зголемување на урбанистичкиот опфат. Подгорци мора да се развива во една модерна населба со детски паркови, со урбани делови кои ќе служат за најмладите но и на постарите жители на Подгорци.

За Октиси исто така имам амбициозен план. Тоа е населено место во кое ништо не е направено иако има огромен потенцијал за развој. За октиси имам предвидено најпрво да се решат основните проблеми како водоснабдување, чистота, но фокус ќе ми биде и развој на руралниот туризам. Октиси ќе добие и детски парк и нови улици а ќе се подржи и фудбалскиот клуб. Во Боровец исто така ќе се инвестира во доградба на канализацијата, ќе се подржи реновирањето на спортските терени, подршка на руралниот туризам.

Во мојата програма има проекти за сите населени мести. Имам предлог проект за канализацијата во Враништа, патишта низ самото село кои се во очајна состојба. За ложани имам предвидено изградба на патиштата и канализацијата, исто за драслајца но тамо има проблем и со водата во текот на летните месеци. Во Мороишта исто така се предвидени проекти за канализација, водоснабдување, детски паркови. Во мислешево и мислешевски пат се внесени голем број на проекти. Исто и во Радожда каде мора да се заврши канализацијата и тоа ќе ми претставува приоритет. Во регионот на Дримкол исто така имам одлична програма. Дел од мојот тим е од дримкол и имаме одлична програма за развој на овој регион. Ова несмее да биде регион во кој секоја зима ќе има проблем со чистење на улиците, со електрична енергија и без инвестиции. Тоа ќе го сменам.

Јас како градоначалник ќе ги избришам проблемите кои се проблеми на 20тиот век и Струга ќе ја внесам во 21ри век.

Дополнително, мојот фокус ќе биде и за најмладите. Струга мора да биде чист град. Град со чисти улици, уредени детски паркови, средено сместување во детските градинки, целодневна настава во училиштата, и многу други проекти.

Многу важно е што сакам да споменам дека ќе ја реформирам градската администрација која е сега преголема и нефункционална. Општината МОРА да биде место кое е сервис за граѓаните а не мачилиште за граѓаните.

Дубаи Портал: На 15.октомври ќе се гласа на локалните избори, што би им пренесле како порака на Вашите сограѓани, се разбира и на жителите од локалните населби и град Струга, со што би се одлучиле да Ви ја дадат подршката за градоначалник, односно да гласаат за Вас?

Солакоски:Изборите се момент кога одлучувате помеѓу дадените опции!

Затоа би ги повикал граѓаните овој пат да изберат мудро, да изберат човек на кој би му ја дале довербата да ја води Општината.

Верувам дека ќе ја добијам довербата и ќе ја оправдам!

На крај би ги повикал сите, масовно да излезат на избори бидејќи е време за промени. Време е за нова ера за Лабуништа, за Подгорци, за Октиси, за Боровец но и за цела Струга.

Нашето мото е СЕКОГАШ Работа! Јас можам да ви ветам дека ќе си стојам на збор и дека секогаш вредно ќе работам за да го подобриме животот за жителите на Општина Струга. Ние сите тоа го заслужуваме!




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


7 − = four

%d bloggers like this: