spanski kral

Еден крал и две слики: Може ли Фелипе да ја спаси Шпанија?

Во ретко сериозно обраќање на нацијата, сеуште младиот шпански крал Фелипе VI. им се обрати на своите поданици преку националната телевизија. Во својот говор, тој остро го бранеше шпанскиот устав од сепаратистичките копнежи на Каталонија, притоа ситуацијата опишувајќи ја исклучително сериозна. Зборувајќи со сериозен тон на гласот и облечен во црно одело, кралот рекол дека каталонските власти континуирано, свесно и намерно го заобиколувале Уставо и својот сопствен статут за автономија, законот кој ги признава, заштитува и гарантира каталонските историски институции и самоуправа. Монархот ја обвини каталонската влада и парламент за недоговорно однесување кое ја загрозува општествената и економска стабилност на Каталонија и Шпанија. Притоа ги обвини и за надворзаконско и недемократско однесување, а по име го прозва и каталонскиот премиер Карлес Пуиџдемонт и претседателката на каталонскиот регионален парламент Карме Форкадел.

Посебната порака до Каталонците од кралот била поврзана за неколкуте десетлетија од постоењето на демократската држава која овозможува уставни начини на сите кои ги брана своите идеји внатре во законот. Говорот го завршил со позитивен тон, со надеж од преовладување на проблематичните времиња, ама воедно и предупредил дека без почитување на законите нема демократска заедничка егзистенција во мир и слобода, не само во Каталонија или остатокот на Шпанија, туку и на друго било кое место на светот.. Кралот говорот го одржал на денот кога илјадници Каталонци маршираа на улиците во знак на протест против националната полиција и цивилната гарда кои биле причина за оддалечување и повредување на 850 особи на самиот ден од референдумот, Многу Каталонци повеќе се загрижиле за тоа што кралот Фелипе немал ниту еден збор за многу ранетите и повредени во Барселона.

Говорот на кралот значаен е од неколку причини, иако не помогнал туку поприлично ја одмогнал расправата. Пред се, кралот се обраќа на нацијата надвор од своите протоколарни секојдневни обраќања кога Шпанија навистина е во криза. Таткото на Фелипе, кралот Хуан Карлос, кој се повлекол во пензија, бил ’питомец’ на Франциско Франко во времето на фашистичката диктатура, меѓутоа подоцна успела да ја урне  воената хунта и  сопре профашистичките сили во превземањето земјата. Воспоставил парламентарна монархија и многу ретко им се обраќал на своите поданици, освен како протоколарен владетел. На Фелипе ова му е прво токму такво обраќање. И додека Шпанците многу високо го ценат Хуан Карлос, новиот крал донесува нови прашања за иднината на уредувањето на државата – дали Шпанија или нејзините составни делови и понатаму прифатени од круната?

Од друга страна Фелипе зборува каталонски ( дури подобро од некои сепаратистички каталонски лидери) и титуларно го носи називот Принцот на Брселона. Наместо да ги искористи своите линкови со Каталонија, кралот Фелипе истрајно ја зазел позицијата на владата.

Пуиџдемонт примарно е одговорен за ова криза, меѓутоа шпанскиот премиер Маријано Рахој референдумот го преусмерил како унилатерален, неуставен и бесмислен во голема победа на сепаратистите. После сликите на крвавите каталонци, дури и оние граѓани кои не биле сеционисти сега во потполност ја обвинуваат шпанската влада за хаос, а кралот одеднаш доаѓа на телевизија давајќи неизмерна подршка токму на таа влада.

И семиотички, кралот застанал исклучиво на страната на Шпанија, зора на тоа дури и на кастиљската страна. До Шпанското и европското знаме, покрај кралот бил отворен лаптоп, знак дека ги гледа социјалните мрежи и сели настаните од минута во минута. Ама, сликата која стоеше во позадина беше уште поинтересна. Станува збор за портретот на Карлос III, бурбонски крал кој го наметнал кастиљскиор јазик на каталонскиот образовен систем во 1768 година. Во својот декрет, овј предок на Фелипе ги казнувал со затвор сите оние професори кои го прекршувале тоа правило. Од недоамна сликата повеќе не е тука, во собата од каде се јавува кралот била уште пред три години, ама секој детал исклучително се внимава во палатата Зарзуела, и ништо не е случајно.

Народот сега се забавува со воената слика, бидејќи каталонскиот премиер одлучил да зборува во соба со каталонско знаме и заедно со слика на свети Јурај кој го убива змејот. Свети Јурај (Sant Jordi), заштитник е на Каталонија, кој го убил змејот кој барал голем данок од селаните, им ги уништувал посевите и киднапирал невините девојки. Пуиџдемнт директно му одговорил на кралот и го критикувал неговиот пристап кој не се разликува од Мадрид, наместо да се повика на дијалог.

Во ек на политичката криза која токму трае од 2015 година. Медиумите на Шпанците  потпрашувале дали сакаат поголема вклученост на кралот во политиката. Повеќе од 70% од Шпанците одговориле потврдно дека доколку кралот со тоа успее политичките партии да ги натера на договор во интерес на целата нација. Меѓутоа, кога Каталонија е во прашање, ниту една од трите главни партии во Каталонија не ја подржуваат монархијата како институција и никој од нив не би сакале Фелипе да го видат како свој крал, доколку Каталонија се одвои од Шпанија. Не само дека Каталонците се националисти, туку и републиканци.

Сё до шпанската финансиска криза 2008 година монархијата уживале голема подршка и популарност на шпанските граѓани од демократската преобразба во 1979 година. Со години подршката на кралот била преку 70%, далеку над избраните политички лидери, а подеднаква е видена и улогата на кралот во одржувањето на шпанската демократија. Меѓутоа монархијата станала предмет на силна критика од страна на левицата и дел од есницата, како и регионалните сепаратисти. Речиси 22% од шпанските граѓани веруваат дека републиката би била подобар облик на владеење во Шпанија, додека сепаратистите и подржувачите на независноста на Баскија и Каталонија на кралот гледаат како жив знак на единствена и обединета Шпанија. Левицата ги критикува институциите на монархијата како работа на минатото, додека крајната десница го критикува кралот бидејќи му дава подршка на либералните планоци цо Шпанија и подржува секуларизмот на земјата. Каков и да биде идниот пат на Каталонија, прашањето на шпанската монархија ќе биде предмет на расправа и во самата Шпанија.

Извор:Advance




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 1 = three

%d bloggers like this: