Sarkozy-Gaddafi-940x560

СМРТТА НА ГАДАФИ: Обвинение против Саркози покренуваат 15 африкански здруженија пред меѓународниот суд за казна

15-ет африкански здруженија поднеле обвиненија пред Меѓународниот казнен суд против Николас Саркози, заради убиство на полковникот Муамер ал-Гадафи 2011 година во Либија.

Здруженијата покренуваат обвиненија против поранешниот француски претседател Николас Саркози за потикнување на воена интервенција во Либија, која заврши со брутални убиство на либискиот претседател Муамер ал-Гадафи.

Минатата недела, членови на здруженијата се сретнале со Бамак како го формирале Панафричкиот фронт кој има за цел одбрана на Африка, демократијата, достоинството и човековите права.

“Поднесуваме обвинение против Николас Саркози за убиство на Муамер ал-Гадафи, кое предизвика драматични последици на Африканскиот континент, како и за африканската популација“, објаснил гвинејскиот член на ФИСПА Ели Камано а пренесува РФИ.

Интервенцијата на НАТО сојузот во Либија, предизвика паѓање на либискиот режим и земјата ја доведе во состојба на безбедносен хаос. Франција е меѓу првите која изврши воздушни напади на воени цели на Либија, а по што следија Велика Британија и САД.

Во јуни ова година, актуелниот претседател на Франција Емануел Макрон изјавил: “Интервенцијата на француските сили во Либија бепше грешка“.

“Франција не беше вклучена во војната со Ирак и имаше право. Начинот на кој беше нападната Либија, не беше исправен. Што добивме од овие интерванции? Пропаднати држави во кои просперираат терористички групи, изјавил на крајот францускиот претседател.

Извор:РФИ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


4 × = eight

%d bloggers like this: