ердоган Белград

Ердоган: Соработката на Белград и Анкара клучна за стабилноста на Балканот.

Турција и Србија се две клучни земји на Балканот и нивната соработка е од суштинска важност за одржување на стабилноста на мирот и просперитетот на Балканот и ширум Европа, порачал турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
“Турција и Србија се две клулни земји на балканот. Како што  е Турција  своето непосредно географско опкружување клучна за мирот и стабилноста, така е и Србија на Балканот, која има мултиеничка, милтикултурна и динамична структура, во позиција да го отвори патот на регионот“, истакнал Ердоган за “Политика“.

Од тука, како што се отценува, за одржување на стабилноста, мирот и просперитет на Балканот и ширум Европа, соработката помеѓу Турција и Србија од исклучителна е важност.

“Врските помеѓу Турција и Србија се силни и длабоко вкоренети. Во својата долга историја на овие простори Турците и Србите заедно живееле и заедно егзистирале“, наведил Ердоган.

“Иако немаат заедничка граница, Турција и Србија се сметаат за соседи, а тајната е скриена токму во овие блиски врски„, потврдил турскиот претседател, додавајќи дека соработката е неизбежна и заради геополитичката положба на двете земји.

Се отценува дека и обостраните посети на високо ниво, представуваат конкретна манифестација на политичката воља која постои кај двете земји.

Според неговите зборови, темелните прописи помеѓу двете земји, како што се договорите за слободна трговија, укинување на визите, промоција на инвестиции и Договорот за избегнување на двојно оданочување, даваат правна основа на неопходниот развој на економските односи.

Обемот на билатералната трговска размена помеѓу двете земји, исто така е во покаќување од 2010 година, а 2016 година достигна ниво од речиси 790 милиони евра.

Економскиот потенцијал на двете земји значително се над нивото. Како резултат на ревизијата која ја направивме во Договорот за слободна трговија, верувам дека наскоро овој број ќе го зголемиме на повеќе од една милијарда евра“, нагласил турскиот претседател.

Покрај трговијата и економијата, како што додал, напредуваат и меѓучовечките односи, посебно туристичката размена помеѓу двете земји.

Ердоган истакнува дека Балканот , како и многу други региони на светот, принудени се на тоа секојдневно да се соочуваат со нови предизвици и проблеми.

Нитуедна земја не може сама со тоа да се бори, нагласил тој додавајќи дека клуч на успехот во надминувањето на тој захтевен процес е зајакнувањето на меѓусебната соработка и солидарност.

“Турција и Србија би требало да ги искористат сите расположиви средства и механизми за постигнување на ова цел. Мисла дека ова посета е клучен чекор во тој правец и многу ми е мило што исто така ја гледам истата желба и кај српското раководство“, заклучил турскиот претседател, кој синоќа допатува во Србија.

Извор: FENA




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− two = 6

%d bloggers like this: