1-8

Македонија на ЕУ часови за политички дијалог во куќата на Жан Моне

Куќата на Жан Моне во Ивлин, Франција

НОВА дознава дека европските пратеници, посредувачи во нашата криза Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштај, заедно со комесарот Јоханес Хан, го бараат начинот за суштински исчекор во македонската ЕУ интеграција.

Нивната идеја е, помеѓу другото, одржување повеќе редовни состаноци на кои ќе бидат поканети лидерите на сите парламентарни партии и на кои нашите лидери ќе учат што значи и како се одива вистински политички дијалог и како се доаѓа до консензус во политиката. Проблем со кој Македонија се соочува долги години.

Преговорите за влез во ЕУ бараат пред се домашен политички консензус што нема да се менува со секоја промена на власта. Оваа “формула” Македонија се уште не ја пронашла.

Формирањето на 10 пратенички групи во една партија е уште еден доказ во таа насока. Но не е ни единствен.

“Сакам да потенцирам дека одржлив дијалог меѓу владејачката партија и опозицијата е неопходен услов за напредок на земјата и позитивен развој”, рече пратеникот Едуард Кукан, денес во Европскиот парламент на дебатата со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, посочувајќи токму на овој сериозен проблем во македонската политика.

Како симбол за ЕУ интеграцијата, овие состаноци би се одржувале во Франција, во куќата на “таткото на ЕУ” Жан Моне.

Првиот би можел да се случи веќе во декември а следните се планирани за пролетта 2018 година. Спецификата на овие средби е еден вид анонимност овозможена преку нивно одржување зад очите на јавноста. Ниту еден од присутните на овие средби, па ни медиумите, мораат да се придружуваат до забраната дека имиња не треба да се објавуваат.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


3 + = eleven

%d bloggers like this: