IMG_9075 (Copy)

Интервју со Лавдрим Елмази кандидат за градоначалник на општина Струга

Дубаи Портал.  Пред да преминеме на прашањата кои се тема на овој наше кратко интервју. Ке може ли нешто во кратки црти да не запознаете кој е Лавдрим Елмази, нешто околу вашиот семеен живот и активностите надвор од политиката?

Елмази.1. Па , како што и веќе ме познаваат повеќето Стружани еве накратко да се представам. Јас сум Лавдрим Елмази, роден сум 1976 во с.Калишта. Основно и средно образование завршив во Струга, додека високо образование завршив на факултетот за природни науки во Тирана, насока Информатика.
Оженет сум, и татко на три прекрасни девојчиња ( Енкелана, Јора и Аранеа). Што се однесува до моите активности надвор од политиката, од 2003 до 2013 година работев како професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, додека во меѓувреме го развивам и мојот приватен бизнис во областа од ИТ технологијата.

Дубаи Портал.  Одлучивте да ја прифатите кандидатурата за градоначалник на Општина Струга, дали покрај тоа што бевте предложени од вашата партија имавте и некој друг мотив, што Ве натера да ја прифатите и влезете во изборнава трка на локалниве избори ?

Елмази.И, пред да станам кандидат за градоначалник на Општина Струга од редовите на Движењето БЕСА, со внимание ги следев настаните во и околу мојата општина. Се разбира како интелектуалец не можев да останам равнодушен со сето тоа што се случуваше. А за воља на вистината лошите појави толку се насобраа, одлучив, а во мојата одлука ме подржаа структурите на Движењето БЕСА, да излезам, и битката за подобра Струга, да ја издвојувам на овие локални избори. Се надевам дека народот е свесен дека нови 4 години без решение на настанатите проблеми, е премногу долг период за да остане ова статус-кво ситуација. Мора да одиме на промени, сите заедно.

Дубаи Портал.    Во текот на вашите посети на населените места и средбите со граѓаните, а каде бевте  запознати со проблемите со кои се соочуваат, сметате ли дека еве, како еден од најмладите кандидати за избор на градоначалник на град Струга дека можете да одговорете на предизвиците, овде пред се мислиме на решавањето на проблемите со кои се соочува Општина Струга ?

Елмази. Токму во тоа е и целата работа. Општина Струга е позната пос војата наклонетост кон младите, особено кога и тие млади се интелектуално спремни за да се справат со предизвиците.Јас и мојот тим на кандидати за советници, од ова гледна точка и тргнавме и успеавме во намерата да составиме тим, кој ги решава овие проблеми, а тоа всушност че биде и предизвик за нас повеќе.
А, ако гледаме од друга гледна точка, иако нашите опоненти се постари во возраст, па и постари во политиката, не гледаме дека постигнале некаков успех во решавањето на овие проблеми, не гледаме дека постигнале некаков успех во решавањето на овие проблеми за кои што зборуваме: колку за пример, депонијата и сл.Тие можеби се и главните фактори за ова ситуација во која денес се наоѓаме. Затоа сме и убедени дека е време да се отвори пат на младите интелектуалци.

Дубаи Портал.  Во текот на вашата изборна кампања, можевме да забележиме презентирање на проекти кои се однесуваат на решавањето на проблемите со кои се соочува  Струга и локалните населби. Колку за пример, за целосно реализирање  на проблемот со депонијата на Струга, заедно со вашиот лидер имавте и посета на Р.Словенија. Дали се реални  и остварливи проектите кои ги нудите како решение за проблемите со кои се соочуваме денес.

Елмази. Проблемот со дивите депонии, карактеристилен е за целата територија на северо-западна Македонија. Затоа ние како движење, во соработка со угледниот институт во Словенија ја изработивме стратегијата “КОРАБ 2025“.Во ова стратегија меѓу останатите развојни проекти кои ќе ја видоизменат целокупната состојба на нашето население, како главен приоритет го има проблемот со депониите.
Проектот е готов, финансиски покриен и мислам дека доколку ја добиеме подршката на граѓаните, овој хаос со животната средина ќе биде решен еднаш засекогаш.

Дубаи Портал.  Може ли вашиот тим, односно состав на советничката листа да одговори на предизвиците со кои би се соочиле како иден градоначалник на град Струга?

Елмази.Се разбира дека може, без оглед на возраста, ние сме искусни и докажани во нашите професии. Позади насм имаме и цела “армија“ на луѓе кои ќе ни стојат на располагање во секој поглед, и во секое време.
Движењето БЕСА работи тимски.
Впрочем сведоци сме и на тоа што успеаја да запустат и условно кажано постарите политички конкуренти. Така да подобра алтернатива и не постои.

Дубаи Портал.  На 15.октомври ќе се гласа на локалните избори, што би им пренесле како порака на Вашите сограѓани , се разбира и жителите на локалните населби и град Струга, со што би се одлучиле да Ви ја дадат подршката за градоначалник, односно да гласаат за вас ?

Елмази.15.Октомври нека биде ден за славење на сите нас. Да докажеме како анселение дека знаеме да цениме, и онака слободни да гласаме за оние алтернативи, за кои за кои што мислиме дека ке и носат добро на нашата оппштина.

Впрочем доколку се работи за понуда на проекти, мислам дека ние бевме единствените кои понудивме издржани проекти, додека другите водеа демагошка кампања. Сепак, народот знае подобро. Среќно.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 × = sixty three

%d bloggers like this: