insulin

Инспекциска контрола предизвика застој – пациенти 11 дена без инсулин

Единаесет дена нема инсулин во во повеќе градови во државата. Причината за тоа е што Агенцијата за лекови(МАЛМЕД) во изминатата недела вршела засилена инспекциска контрола и детално ги проверувала сите серии на инсулини кои ги носат дистрибутерите. Најверојатно, фирмите-диструбутери немале поголеми залихи на инсулин, така што поради оваа ненадејна контрола голем дел од пациентите останаа без инсулин.

„Агенцијата за лекови(МАЛМЕД) во изминатата недела спроведе детеален инспекциски надзор на сите серии на инсулин за кои дистрибутерите доставија документација. По извршениот инспекциски надзор, согласно законот примероци од секоја серија беа испратени на испитување во акредитирана лабораторија во Институтот за јавно здрваје. Во текот на вчерашниот ден, по добивање на резултатите од испитувањата беше изготевно решение за пуштање во промет на испитуваните серии инсулин“, изјави за НОВА , Роберт Бекироски директор на МАЛМЕД.

Тој не одговори дали причината во застојот е што добавувачите немале поголеми залихи, па додека се правеле контролите се појави недостиг на инсулин во аптеките, но апелира до добавувачите во иднина навремено да ги обезбедат потребните количини на инсулин.

„Сакам да апелирам до дистрибутерите навремено да ги обезбедат потребните количини на инсулин имајќи во предвид дека согласно законот било кој лек пред да се пушти во промет, треба и мора да биде предмет на соодветни испитувања и контроли. МАЛМЕД и понатаму ќе ќе ги извршува своите законски активности и нема да дозволиме ниту еден лек да биде пуштен во промет без притоа да помине низ сите испитувања и контроли предвидени со законот“, потенцира Бекироски.

Здружението на пациенти со дијабетес „Баланс МК“ на почетокот на септември побара од МАЛМЕД да се извршат испитувањата како се транспортираат и чуваат инсулините бидејќи се сомневаат во нивната исправност. НОВА веќе објави дека дел од пациентите се жалаат на дејството на инсулинот и тврдат дека наместо лек, како да ставаат вода.

Оваа инспекциска контрола, следува по медиумскиот притисок и на барање на пациентите заради ваквите сомнежи.

Останува нејасно, како се правела анализа на активната супстанца, односно на содржината на инсулините кога лаборатијата на Институтот за јавно здравје не врши испитувања на сите параметри, ниту на пак на биолошки лекови во кои спаѓа инсулинот. Тоа не го прави ниту лабораторијата на Фрамцевскиот факултет и се знае дека во државата не постои лабораторија која врши вакви испитувања. Од друга страна, дали овие контроли во кои се испитуваат бар кодовите и детално сите серии како се чувани и транспортирани, се сериозен начин да се стави поголем ред на лековите кои доаѓаат со парален увоз.

Од Министерството за здравство изминатите денови немаа објаснување за што се работи, освен дека има технички проблем во диструбуцијата на инсулини. Вчера министерот Таравари само се извини за доцнењето на доставата и вети дека до крајот на неделата ќе има инсулини во цела држава.

Извор:НоваТВ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


three + = 12

%d bloggers like this: