ВЛАДА

Влада: Во моментов не е можна злоупотреба на системот за следење

За неполн месец ќе се отвори јавна дебата за реформите на безбедносниот систем што ги подготвува Владата за Управата за безбедност и контраразузунување и на Законот за следење на електронските комуникации, кои се во финална фаза, а целта е да се понуди системско решение кое ќе гарантира дека нема да се случуваат злоупотреби на системот.

– Сакаме да обезбедиме сигурност за граѓаните на Република Македонија дека никој и никогаш  без разлика кој и да е  на власт нема да помисли да ги злоупотребува службите за безбедност на оваа држава, изјави денеска  владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Мислењето од последната владина седница до Уставниот суд за запирање на постапката за оценување на уставноста на членот 175 од Законот за електронски комуникации, како што наведе, е во насока да не се прави двојна работа, односно да нема парцијални решенија се додека не се дојде до конкретното специфично реформско системско решение кое што ќе осигура дека системот нема да се злоупотребува.

– Наскоро за помалку од месец ќе се отвори јавна дебата  во тек на која ќе бидат јасни и транспарентни сите технички прашања и ќе можеме да се увериме сите дека единствената интенција  е тоа што се случувало да не се случува, рече Бошњаковски, потенцирајќи дека во реформите ќе бидат донесени во предвидениот рок согласно Планот 3-6-9.

Прашан дали до стартот на најавените реформи останува можноста за злоупотреби на системот, владиниот портпарол истакна дека Владата гарантира дека во моментов е невозможно да се случи злоупотреба на противистражните мерки.

– Без налог од Обвинителство во Македонија веќе не може да се користат противистражните мерки, потенцира Бошњаковски.

Владата завчера врз основа на заедничко мислење на Министерството за информатичко општество и администрација подготвено во соработка со Министерството за финансии и Секретаријатот за законодавство, донесе предлог Уставниот суд на РМ да донесе решение за запирање на постапката за оценување на уставноста на членот 175 од Законот за електронски текомуникации, усвоена на 21 јуни 2017 година.

Согласно ова мислење, членот 175 од Законот за електронски комуникации, воопшто не навлегува во постапката за следење на комуникациите, затоа што според Амандманот XIX од Уставот, само врз основа на одлука на суд, под услови и во постапка утврдена со закон, може да се отстапи од правото на неповредивост на комуникациите. Оттука, според ова мислење усвоено од Владата на РМ, Законот за следење на комуникациите може да биде предмет на оценка во однос на неговата уставност, но не и членот 175 од законот одделно.

Извор:НоваТВ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


eight × 9 =

%d bloggers like this: