хамас-фатах

Хамас и Фатах постигнаа договор за контрола на појасот Газа

Лидерот на палестинското исламско движење Хамас, Исмаил Ханија изјави дека во преговорите со кои посредувал Египет, постигнале договор со ривалската Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас, за условите за контрола на појасот Газа.

Хамас владее со Газа повеќе од една деценија, откако со сила ја презеде контролата од силите лојални на умерената, секуларна Фатах.

Ова доведе до парализирачка територијална и политичка поделба на Палестинците. Абас владееше со автономните енклави на Западниот Брег, која е бил под израелска окупација.

Минатата недела во градот Газа се одржа седница на палестинската влада со која претседаваше палестинскиот премиер Рами Хамдала, прва од 2014 година.

Сите досегашни напори за помирување на овие две најголеми палестински фракции од 2007 година не вродија плод.

Главната пречка ја вклучува контролата над арсеналот на оружје на военото крило на Хамас, кој три пати војуваше против Израел.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


7 − = five

%d bloggers like this: