ЕРДОГАН-ВУЦИЦ

Ердоган:Турција има посебни односи со регионот Санџак во Србија

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во Нови Пазар порача дека терористичката организација ФЕТО ќе биде протерана и од Балканот, како и од Турција.

Ердоган се обрати пред илјадници граѓани кои со турски, српски знамиња го дочекаа на просторот пред зградата на Градската управа на Нови Пазар, каде што Ердоган ги најави инфраструктурните проекти и укажа на значењето на добрите односи меѓу Србија и Турција.

„Каде и да одиме на Балканот, се сретнуваме со гостопримство и топлина. Во оваа пригода уште еднаш му се заблагодарувам на претседателот Вучиќ, бидејќи за сето време на посетата на Србија се чуствувавме како во свој дом. Сметам дека е многу важно што денес сме заедно тука со претседателот Вучиќ. Претседателот на Турција изјави дека неговата земја има посебни односи со регионот Санџак во Србија.

„Радоста на нашите браќа во Санџак е наша радост, а вашата болка е наша болка. Со Санџак имаме посебни односи. Оваа заедница и единството што го гледаме тука покажува колкава потреба за мир и благосостојба имаме меѓу народите. Се надевам дека нациите не смеат да нѐ одвојат туку Србија треба да нѐ спојува. Еден од најважните мостови меѓу нашите земји е Санџак, кој ги поврзува нашите државјани со потекло од тука и Бошњаците во Србија. Гледаме дека оваа врска се одрази на развојот на нашите односи, а ќе се потрудиме уште да ги зајакнеме. Вчера потпишавме 12 договори, а денес, тука, уште четири. За два ден, 16 договори. Нека е со среќа“, изјави Ердоган.

Турскиот претседател му се заблагодари на српскиот претседател Вучиќ, со кој е во заедничка посета на Нови Пазар, но и на граѓаните на овој град поради поддршката во ноќта на 15 јули минатата година, кога терористичката организација ФЕТО се обиде да изврши државен удар во Турција.

„Со мојот пријател Вучиќ имаме заедничко мислење во врска со тоа. А дека тука имаме посебно место, покажаа нашите браќа кои ни учеа молитви за време на онаа тешка ноќ на 15 јули, и секако, на чело беше Вучиќ, ви благодарам. Луѓето во Санџак покажаа дека се наши вистински браќа. Верувам дека народот на Санџак ќе продолжи да соработува со турскиот народ во борбата против тероризмот. Знаеме колку Вучиќ прави во борбата против терористите на ФЕТО. Предавничката терористичката организација ФЕТО, како и од Турција, ќе ја исфрлиме и од Балканот. И секако, во таа смисла, потполно му верувам на Вучиќ, бидејќи тој беше еден од првите што нѐ поддржаа во ноќта на 15 јули. На тоа му се заблагодарувам пред сите вас, во свое име и во името на сите граѓани на Турција“, порача Ердоган и продолжи:

„Сите народи на овој регион се наши браќа. Ние сакаме во Србија да владее единство и слога, како и во другите земји, и затоа сме подготвени за соработка. Турција ќе даде поддршка за сите активности за економскиот развој на Санџак и во таа насока ги охрабруваме и нашите бизнисмени. Отворањето на Халкбанк во Србија претставува важен чекор во таа насока. Вчера потпишавме договор за увоз на пет илјади тони месо во Турција. Вложуваме многу напори за проектите од воздушниот и копнениот сообраќај, бидејќи веруваме дека се пат на цивилизацијата. Сметам дека на овие тешки географски простори постои можност да се направат добри патишта. Убава вест во врска со изградбата на патот од Белград до Сарево ќе ни даде Вучиќ, и секако, овој пат ќе биде пат на мирот и просперитетот во регионот“, изјави Ердоган.

На крајот на обраќањето на Ердоган, во присуство и на српскиот претседател Александар Вучиќ, турската фирма „Салкано“ им подари 200 велосипеди на децата од подрачјето на Нови Пазар.

Извор:ТРТ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 7 = one

%d bloggers like this: