IMG_9211 (Copy)

(Фото/Видео) Движење Беса: “За еден нов живот“

Струга. 12.10.2017 г. ( Дубаи Портал) Под насловот “За еден нов Живот“, синоќа во просториите на домот на културата во Струга, движењето БЕСА оддржа презентација на проекти за развој на општина Струга.

Пред присутните, граѓани.членови и симпатизери на ова движење, свое излагање имаа представници на ова движење, Скендер Реџепи Зејд организационен секретар н БЕСА, кандидатите за советници, др.Самир Јускоски и др. Едмон Весели, како и кандидатот за градоначалник проф. Лавдрим Елмази.

Во своите излагање, тие се осврнаа на моменталните проблеми со кои се соочува Општина Струга, можноста од решавање на проблемите, како и идејни проекти, преки проширување на инфраструктурата со што би се олеснил животот на граѓаните во ова Општина.

Очекуваме дека, нашите граѓани знаат која е вистинската опција која е неопходна за решавање на долгогодишните проблеми на Струга, проблеми кои за жал се влечат во континуитет и без било каква идеја и решение. Се надевам дека сите жители на Струга и околните населби, ќе ја избераат она опција со која ќе се стави крај на сите вакви проблеми кои моментално ги имаме, а воедно и стави крај на појавата на нови. Имаме програма, каде јасно се зацртани сите наши цели, имаме проекти кои се реални, а не виртуелни, имаме кандидати за советници кои се способни да одговорат на таквите предизвици, ни останува уште 15. октомври кога треба да се одлучиме дали сме за убава и соживотна Струга, или Струга која ќе продолжува со неизвесности во сите свфери од животот – ни изјави на крај кандидатот за градоначални од редовите на ова движење г-дин Лавдрим Елмази.

IMG_9132 (Copy) IMG_9137 (Copy) IMG_9139 (Copy) IMG_9146 (Copy) IMG_9154 (Copy) IMG_9182 (Copy) IMG_9207 (Copy) IMG_9211 (Copy) IMG_9218 (Copy)Svi8

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


three + 4 =

%d bloggers like this: