pingvin

40.000 пингвини на Антарктикот починале од глад

Читава колонија од 40.000 пингвини на Антарктикот починале ова година од глад во катастрофални настани кои за само четири години случуваат повторно по втор пат, пишува Гардијан.

Од целата колонија на Аделијските пингвини француските научници пронашле само две младенчиња на почетокот на ова година. Вакви катастрофи не се забележани во повеќе од изминатите 50 години, а пронајдени се илјадници мртви младенчиња и неизлегнати јајца.

Колонијата ја соживеала сличната судбина пред четири години, кога ниту едно младенче не преживеало. Имено, заради невообичаено големите количини на мраз во регионот наречен Аделијска земја, прингвините биле принудени да преминат дополнителни 100 километри во потрага по храна, што ја предизвика и овогодишната катастрофа.

Антарктикот во целина има рекорно ниско ниво на делет морски мраз, ама подрачјето на кое живеела колонијата представува искличок, пренесува Index.hr.

Извор:(NN)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


7 − = two

%d bloggers like this: