burek-1-696x456

(Фото) ЗА ГИНИСОВ РЕКОРД: Во Тузла направен најголемиот бурек на светот

Низ град Тузла-(БИХ) денес се ширел мирисот на бурек и кебапи. Илјадници граѓани се собрале на Плоштадот на слободата, каде граѓаните се обидоа да соборат Гинисов рекорд во правење на најголем бурек на светот, кој е подготвен во тепсија во пречни од шест метра, јавува Анадолија Агенцијата.

burek-u-tuzli-8-696x456-696x385

Бурекот тежок околу 650 килограми, што представува прсметано некаде околу четири и пет илјади порции, а бил подготвуван шест часа во локален ресторан, чии кувари развиле килкометар и пол тестенина.

Првобитната планирана порција на ќебапи “илјадарка“ зголемена е на 1.500 ќебапи.

 “Овој бурек ќе му го поделиме на народот и еден дел ќе испратиме на службите кои се грижат за нас 24.часа, а тоа се прожарникарите, итната помош,полицијата, и Универзитетскиот клинички центар. Се разбира, имама многу донации за институциите кои денес работаат со девата“, изјавил Омер Исовиќ, организатор на првиот тузлански Гастро Шоу.

И, како што се објави. Тузла денес стана рекордер! Денес на плоштадот на слободата соборен е Гинисов рекорд откако е направен најголемиот бурек на светот, како и најголемата порција со ќебапи.

Исовиќ најавил дека во рок од три месеци ќе пристигне потврда дали е соборен Гинисовиот рекорд, притоа додавајќи дека досега најголемиот буреј на светот направен е во Љубљана и има пречник од 5,5 метра, ама не влегол во Гинисовата книга на рекорди.

“Сакавме со бурекот и ќебапите да скренеме внимание на домашната и светската јавност на нашите традиционални јадења. Иако словенците го заштитија ќебапот, тој е босански и секогаш ќе остане така. И , уште нешто на крајот, бурекот е со месо“, порачал Исовиќ, притоа ја одстранил дилемата во врска името на ова славно јадење, кое уште го нарекуваат и “крал на питите“.

Освен соборувањето на рекордот, целта на настанот е да се промовираат вредностите од купување на домашни производи.

Во ова манифестација учествуваат и бројни културни-уметнички друштва, хорови, оркестри како и спортски клубови.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


7 × = thirty five

%d bloggers like this: