b_171014108

(Видео) Ураганот Офелија сё посилен, Ирска го очекува најлошото невреме во последните 60 години

Foto: EPA-EFE

Фото: EPA-EFE

Офелија носи ветар со брзина поголема од 100 км/час, кој достигнал и 150 км/час минувајќи јужно од островот Санта Мариа во Азорскиот архипелаг. Сепак, тогаш не го зафатил копното.

Foto: EPA-EFE

Фото: EPA-EFE

Американскиот национален центар за урагани со седиште во Миамиј соопшти дека во од петокот Офелија на југоисточните Азори ќе донесе кумулативни падавини од 50 до 100 милиметри. Тој дожд би можел да предизвика поплави, се предупредува во известувањата.

Седум до девет острови на Азорскиот архипелаг објавиле црвено предупредување од службата за цивилна заштита заради очекуваните падавини.
На локалното население кое изнесува околу 245.000 жители, порачано им е да не излегуваат од своите домови додека ураганот не помине, а на сите противпожарни екипи им е наредено да бидат подготвени за интервенции.
На островите Сао Мигел и Санта Мариа воведени се и сообраќајни рестрикции бидејќи се очекува дека можат да се најдат на удар на овој ураган.

Foto: EPA-EFE

Фото: EPA-EFE

До западниот брег на Ирска урагано би требало да стигне во понеделник. Ова земја го очекува најлошото невреме во последните 60 години . Се верува дека Офелија до понеделник ќе ослабни, меѓутоа дека и понатаму би можела да биде силна и да донесе ветрови до 130 км/час.

Ураганот Офелија доаѓа од невообичаен правец и локација, токму како што бил и ураганот Деби во 1961 година кога смртно настрадале 18 луѓе во Република Ирска и Северна Ирска. Ураганите инаку пристигнуваат од Америка или од Карибите,  а овој доаѓа југозапад.
Камера од ирскиот Waterford City го прикажува доаѓањето на ураганот во живо.


 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


six − = 1

%d bloggers like this: