радонбели дробови

Како Радонот,природен гас во нашите домови предизвикува рак на белите дробови

Освен генетските предиспозиции, рак на белите дробови предизвикуваат и надворешни фактори. Еден од најопасните предизвикувачи е пушењето. Тоа е одговорно за речиси 80% од случаите на рак на белите дробови. За природниот радиоактивен гас радон, како еден од причинителите на рак на белите дробови, малку се знае.

Што представува радиоактивниот гас радон?

Природниот гас радон (222), настанува со распаѓање на ураниум (238) и радиум (226), а се наоѓа во земјината кора. Тој се наоѓа насекаде околу нас, а најмногу во подземјето каде доминира гранитот и вулканските карпи. Радонот го пронаоѓаме и во некои градежни материјало кои се користат при изградбата на нашите домови и станови.

Продорот на овој гас во атмосферата зависи од метереолошките услови и видот на почвата. Што времето е постудено, концентрацијата на радон е сё поголема околу нас, покажуваат актуелните мерења во Франција. Зависно од регионот, радонот повеќе е застапен во карпестите краеви, бидејќи помеѓу карпите и стамбените објекти нема природен филтер во облик на хумус и глина, а кои го спречуваат продорот на радонот на површината.

Од долниот графикон, лесно заклучуваме дека најголема концентрација на радон е токму во периодот кога сме во домовите и кога сё е затворено. На наша несреќа изложеноста на радон тогаш е најголема, а веројатно и одговорот зошто голем број непушачи заболуваат од рак на белите дробови.

Radon u našem okruženju tijekom godine

Радонот го пронаоѓаме во сите природни површински и подземни води, ама во многу помали количини. Радиумот 226 растворен во водата помалку е радиоактивен и побргу испарува, и на тој начин преминува во повисоките слоеви на атмосферата.

Радонот причинител на рак на белите дробови.

Со ослободување на овој радиоактивен гас, тој доспева на површината на Земјата. Лесно се акумулира во затворени простории, поготово во подрумите. Отежнувачка околност представува и новата генерација на столарија (прозорци и врати) кои херметички ги затвараат стамбените простории. Домовите во нашите краишта немаат квалитетна вентилација, така да освен појавувањето на влага, имаме и голема концентрација на радиоактивен радон кој доаѓа во директен контакт со нашите бели дробови.

Kako radon ulazi u naše kuće

Со вдишување на радонот, нашите бели дробови апсорбираат и голема количина на радиоактивен гас, кој е директен причинител за појава на рак на белите дробови. Како за пример е земен францускиот карпест регион Бретања каде двојно повеќе е зголемен бројот ба заболени од рак на белите дробови, а каде се измерени највисоки степени на овој радиоактивен гас. За 20% од случаите на заболени на рак на белите дробови заслужен е радонот.

Голем број на научни студии го потврдуваат влијанието на радонот на појавата на рак кај рударите, ама и кај популацијата. Опасноста од степенот на изложување на радон во модерните и урбани стамбени единици, еднаква е на опасноста на изложените рудари во рудниците на ураниум.

Како да се заштитиме?

Единствен начин да се заштитиме од овој гас е проветрувањето на нашите простории или вградување на квалитетен вентилациски систем. Нашите сограѓани во Херцеговина, Далмација, Црна Гора,Истра, Македонија и Косово, треба да бидат внимателни бидејќи се опкружени со карпи кои веројатно се “богати“ со радон од земјата во Словенија или Војводина.

На крај, што да се каже? Новите еколошки норми нё натераа да од нашите стамбени простори направиме херметички затворени “стакленици“. Природните материјали ги заменивме со технолошки модерни материјали. Имаме супер прозорци, двојни и тројни. Навистина, сега нашите стамбени простори ги загреваме со многу помалку енергија, ама од друга страна полека ама сигурно се подготвуваме за идните “хемотерапии“.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


3 + nine =

%d bloggers like this: