1507626001.2pqYqcU2A98Qw9YM

ДУБАИ: Повторно први. Смарт револуција. Пасошка контрола за 15 секунди

На аеродромоте во Дубаи на патниците ќе им биде овозможено да ја поминат пасошката контрола за 15 секунди со прошетка низ биометрискиот систем за идентификација, најавено е на саемот Gitex во DWTC.

- Смарт тунелот представува прв од таков вид во светот, и засниван е на биометриски систем кој му овозможува на патниците да едноставно поминат низ тунелот без покажување на пасош – изјавил за медиумите мајорот Ал Феласи, помошник на генералниот директор за Смарт услуги во GDFRA во Дубаи.

-Системот е базиран на технологија на препознавање на лица и патникот ќе може да ја изврши пасошката контрола за само 15 секунди. За време на минувањето низ тунелот патникот ќе биде сниман од страна на 80 камери поставени во секој агол. На крајот од тунелот, доколку патникот е регистриран ќе добие порака “ Ви посакуваме пријатно патување“ на платформа офарбана со зелена боја. а, доколку од некои причини е баран, на платформта ќе се појави црвена боја и ќе му биде оневозможено минување заради дополнителни проверки.

Прва од овие “витуелни граници“ ќе биде инсталирана до крајот на летото 2018 година, на Терминалот 3 на меѓународниот аеродром во Дубаи, а до 2020 година и на сите останати терминали. Се шроценува дека до 2020 година аеродромите во Дубаи ќе ги користат  124 милиони патници на годишно ниво. Засега, таа бројка изнесува 80 милиони. Со поставувањето на “вирутелните граници“ максимално ќе се забрзаат неопхорните проверки на патниците.

Смарт тунелите се само дел од проект кои патувањето ќе го направат угодно. Во план е и вклучување на електрични Тесла автомобили за превоз на патници до аеродромоте, автомобилот ќе ја регистрира тежината на багажот и автоматски по доаѓањето на аеродромот автоматски ќе го помине низ смарт системите. Додека коферите бидат проверувани и транспортирани до авионот, патникот ќе заврши со смарт пасошката контрола и може да влезе во авионот без задржување.

Извор:Biro

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


6 + seven =

%d bloggers like this: