Friday prayers in the Biosphere Potsdam

Германски министер за воведување на официјални муслимански празници

Во Германија живеат речиси 4,5 милиони муслимани, од кои повеќето се од турско потекло. Повеќето од милион бегалци и мигранти кои пристигнале во ова джава се од Блискиот исток и од Африка во последните две години исто така се муслимани.

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Маизиере ги налутил колегите од владејаќката ЦДУ предложувајќи Германија да воведе официјални муслимански празници.

Во својот говор во рамките на кампањата за избори во северната сојузна држава Долна Саксонија кои се одржуваат во недела, Де Маизиере, член на ЦДУ – изјавил дека е отворен спрема идејата во некои региони на Германија да има официјално има муслимански празници.

“Во местата каде има многу мусалимани, зошто не би можеле да размислуваме за воведување на официјални муслимански празници?“

Во говорот кој е објавен киако аудиозапис на локалната portaluregionalwolfsburg.de тој исто така рекол дека германските официјални празници општо се христијански и дека како такви би требало да останат.

Неговите партиски колеги, кои следната ендела би требало да ги започнат коалициските преговори со либералите и Зелените, со овој предлог не се воодушевени.

Жестоки реакции

Висок претставник на ЦДУ Волфганг Бошбах за Билд изјавил дека секој во Германија може да слави каков било празнбик, ама и додал: “Треба ли државата во иднина да ги заштитува и нехристијанските празници по законски пат, а тоа е по сё друго прашање.

Александар Добриндт, висок член на сестринската баварска ЦСУ за Бил изјавил дека за германското христијанско наследство не може да се преговара, додавајќи: “Нема да го разгледаме воведувањето на официјални муслимански празници во Германија“.

Портпаролката на германското Министерство за внатрешни работи  изјавила дека Де Маизиере смета дека германските официјални празници се христијански и дека “немаат никакви други корени“.

Уставот на Германија вели дека сојузните германски држави одлучуваат за официјалните празници па сојузниот министер за внатрешни работи нема влијание на тоа дали треба да се воведат официјални муслимански разници, додала таа.

Таа напоменала дека северните градови – Хамбург и бремен склучиле договори со некои муслимански организации со што нивните ученици би можеле да бидат ослободени од настава за време на важните муслимански празници, а тоа го направија и неколку други сојузни држави.

Извор: Агенции

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 × one =

%d bloggers like this: