кенија

Тензиите растат во Кенија:Полицијата во главниот град нападнала конвој со опозиционери

Ситуацијата во Кенија станува сё понапната, во текот на викендот избувнал несекојдневен судир-имено, конвој на опозициски политичари се обидел да влезе во центарот на главниот град Наироби каде би одржале протест против повторување на претседателските избори. Меѓутоа, притоа биле нападнати од полицијата, а на еден од опозициските пратеници, Чалебу Лујаију, му фрлиле дури и солзавец низ прозорецот на автомобилот.

Потсетуваме, претседателските избори во Кенија ќе се повторат на 26,ноември откако врховниот суд одлучи да ги поништи изборите одржани во август, на кои победата ја однесе актулениот претседател Ухуру Кенјата.

Меѓутоа, неговиот ривал, Раил Одинга, решил да ги бојкотира повторените избори тврдејќи дека тие не смеат да се одржат додека не се спроведат широки реформи кои би требале да го спречат повторувањето на истото сценарио.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


one + = 3

%d bloggers like this: