iračka-vojska-768x478

Започнува ли војна со Курдите? Ирачките тенкови нападнаа курдски позиции во Киркук

Дека самиот референдум за независност на ирачките Курди, одржан неодамна на територијата на автономниот регион на Ирачки Курдистан, не е толку важен колку што е важна контролата над градот Киркук во истоимениот најбогат регион со нафта ( кој се наоѓа надвор од аднимистративната граница на Ирачки Курдистан, каде мнозинството на градот Киркук и околината ја контролираат курдските пешмерги кои своевремено го ослободија од ИСИЛ) сме пишувале во повеќе наврати, притоа потврдувајќи дека токму Киркук ќе биде индикатор за стабилизирање или радикализирање на состојбите помеѓу централната влада во Багдад и курдскиот политички сентар на Ербил.

А, дека ситуацијата, судејќи според сё  се движи кон радикализација, сведочи и денешната вест соопштена од страна на Советот за безбедност на Ирачки Курдистан. Според неа, ирачките воени сили користеле воена техника, помеѓу останатото и американски тенкови “Абрамс“, во време на нападите во регионот Киркук, на зоните кои се под контрола на Курдите. Нападот се случил утринава во 2:30 часот, кога биле нападнати единиците на пешмергите од два фронтови јуќно од Киркук, при што Ирачаните користеле тенкови “Абрамс“ и возила “ Хамвеј“, објавил Курдскиот Совет на својот твитер профил.

Исто така се потврдува дека курдскте сили уништиле пет возила кои ги користеле шиитските единици.

Синоќа ирачката влада на своите сили им дала наредба да ја обезбеди безбедноста во своите воени бази и државни објекти во регионот Киркук. Претседателот на Ирачки Курдистан Масуд Барзани на пемергите ги повикал на воздржаност и не исценирање на судири при движењето на ирачките сили, меѓутоа и на адекватен воен одговор доколку бидат нападнати.

Командата на ирачките вооружени сили објави дека војската под своја контрола ја ставила електричната централа во Киркук, гасната рафинерија и низа на други објекти во регионот на Киркук и другите зони во близина на официјалните  граници на курдската автономија, кои се под контрола на пешмергите а тоа предизвикува остри протести од страна на Багдад.

После референдумот за независност на Ирачки Курдистан, кој Багдад не го признава, ирачкиот премиер Ал-Абади изјавил дека Ирак нема намера да војува против своите граѓани, притоа барајќи од курдското политичко ракоботство отфрлање на резултатите од референдумот и почеток на дијалог. Курдската влада изјавила дека е подготвена за дијалогот, ама не се согласува со поништувањето на резултатот од референдумот. Потсетуваме, според известувањата на курдската изборна комисија,за независност на Ирачки Курдистан гласале околу 93% од граѓаните. Самата независност официјално сеуште не е прогласена.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 2 = five

%d bloggers like this: