maktum zajed

МЕГА ПЛАН НА ВЛАДЕТЕЛОТ НА ДУБАИ: Развој на вештачката интелигенција како национален интерес

Владетелот на Дубаи шеикот Мохаммед бин Рашид ал Мактум и престолонаследникот на ОАЕ шеикот Мохаммед бин Зајед ал Нахјан покренуваат план за развој на вештачка интелигенција.

Како пренесуваат арапските медиуми, владетелот на Дубаи, тврди дека паликациите ќе генерираат приходи,ама и да овозможат нови можности за развој на економијата.

Шеикот Ал Мактум во јавноста ја објави и Стратегијата за развој на вештачка интелигенција на државата, а планот оди сё до 2070 година.

Иницијативата има за цел да ги подобри перформансите на владата и создаде иновативно и високо продуктивно опкружување инвестирајќи во апликации, објави државната новинска агенција на емиратите.

“Ќе осниваме и посебна мегакомпанија која ќе се занимава само со тоа и која би требало да ги постави темелите за понатамошен развој“, вели тој.

“Во електрониката веќе инвестиравме 16 години и сега е на ред нова фаза во развојот, а тоа е вештачката интелигенција“, изјавил шеикот Мохаммед и додал:

“Ние сакаме да ги направиме сите алатки, ама и методологијата и програмите кои се во врска со роботиката со што би го забрзале  и обезбедиле ефикасни услуги како за владата, така и за целото општество“.

Тој додал дека ОАЕ настојува да биде центар на развојот на технологијата и истакнува дека младите во ОАЕ мора да бидат обучени да помогнат во исполнувањето на “ нашите највисоки национални интереси“.

Мохаммед додава дека апликациите ќе генерираат приходи и овозможат нови можности за националната економија.
Извор:(TBT,)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− eight = 1

%d bloggers like this: