policija katalonija barcelona

ЗАПОЧНАА АПСЕЊАТА ВО ШПАНИЈА: Притворени два каталонски сепаратистички лидери, и одземаат пасоши

Обвинителите тврдат дека Јорди Санчез, лидерот на организацијата Каталонско национално собрание (АНЦ) и Јорди Цухарт, лидер на невладината организација Омниум Културал, биле клучни за планирањето на референдумот за независност на Каталонија на 1.октомври, а кој шпанската влада го смета за илегален.

Тие се обвинети дека организирале и мобилизирале масовни протести противеејќи се на шпанските власти пред каталонскиот референдум за независност како и после него. Судијката Кармен Ламела утврдила дека двајцата користеле интернет страни и социјални мрежи како би ги организирале протестите како дел од “сложна стратегија“ да се подтикне движење кон независност на Каталонија.

Способноста на Санчез и Цухарт  да организираат собири се смета дека ја одиграла улогата на непрекидна и организирана граѓанска непослушност во Каталонија која ја втурна Шпанија во сегашната потиличка криза. На шефот на каталонската полиција, кој одбил да ја изврши судската одлука и спречи одржувањето на референдумот за независност, одземен му е пасошот, и мора на секои петнаесет денови да се јавува на суд додека трае постапката против него, известил судот во Мадрид.

Јозеп Луис Траперо, пред судијката Кармен Ламела ја објаснувал својата улога на 1.октомври кога автономната каталонска полиција мироно посматрала како жителите гласат на референдумот. Полицијата одбила да ги заплени гласачките кутии, во школите и центрите каде се одржувале референдумите кој ја загрижи шпанија и нејзиниот уставен суд.

Шпанското државно јавно обвинителство побарало притвор за Траперо, меѓутоа судијката изјавила дека сеуште нема доволно докази кои го поврзуваат со полициската непослушност . Во случај на вина му се заканува казна до 10 години затвор. Истражителите се насочени и на однесувањето на каталонската полиција и во текот на протестите во Каталонија на 20 и 21 септември откако биле приведени некои каталонски функционери заради подготвување на референдум. Траперо изјавил дека полицијата не реагирала бидејќи нејзината акција би предизвикала немири со тешки последици.

Освен Траперо, пасошот им е одземен и на началниката на каталонската полиција Тереза Лаплани која исто така е под истрага.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 9 = thirty six

%d bloggers like this: