ердоган

ЕРДОГАН: Воздушниот простор е затворен, од Ербил повеќе нема да може никаде да се лета

Претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган денес од Анкара пораќал дека воздушниот простор на Турција спрема северот на Ирак е затворен, и дека од Ербил повеќе нема да биде можно никаде да се лета.

Ердоган во Анкара зборувал на приемот за представници на локалната управа од сите делови на Турција, а во таа прилика се соврнал и на актуелните настани. На самиот почеток Ердоган зборувал за борбата против терористичката организација ФЕТО.

“ Предавниците кои и покрај своето покажано зверство и злоба не уаспеа во својата намера, сега се изведени пред лицето на правдата и полагаат сметка. Сите обвинети во процесите ги добиваат заслужените казни. За оние кои побегнале во странство ќе трагаме сё додека не бидат казнети на одговарачкиот начин. Било да се наоѓаат внатре или надвор од земјата, сите кои ја издадоа Турција и турскиот народ нема да бидат мирни до крајот на живото“, порачал Ердоган.

Тој наведил дека денес на Турција и се поставува прашањето: “ Што барате вие во Сирија, што правите вие во Ирак? На Балканот,на Кавказот, во Средна Азија, северна Африка?“, на што одговорил.

“Нашиот одговор на оние кои настапуваат непромислено и не ја знаат историјата е следен, сите подрачја источно и северно од Анкара се еден, асите подрачја западно и јужно од Анкара се друг дел од нашето срце.“

Зборувајќи за ситуацијата во северен Ирак, односно нелегитимниот референдум во Курдскиот регион на северот на Ирак, Ердоган нагласил дека неговата земја претходно ги подржувала овие региони.

“Турција која вчера и даде секаква подршка на Управата на северот на Ирак, зошто денес ги затвара граничните премини и взодушниот простор? Одговорот на ова прашање најпрво треба да го даде Регионалната управа на северот на Ирак. Бидејќи проблемот до ова точка не го донесовме ние, туку тие“, изјавил Ердоган.

Тој додал дека храна, лекови, облека, ништо повеќе од северот нема да влегува во овој регион.

“Воздушниот простор е затворен. Од Ербил повеќе никаде нема да може да се лета, бидејќи во најголем дел граничи со нашиот воздушен простор. Ние сето неопходно, како храна, лекови и останато испраќаме на централната влада, а тие понатаму ќе го испраќаат на северот на Ирал. Се разбира дека нашата чувствителност на нхуманитарен план и понатаму ќе биде продолжена, меѓутоа она што сакаме е народот да забележи каков товар им донесе локалната управа на северен Ирак“, порачал Ердоган.

Извор:Vijesti




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− three = 3

%d bloggers like this: