turcija narod

ИНФОГРАФИКА: Турција рекордер во Европа по бројот на нови работни места

Турција во последните пет години остварила два милиони и 384 нови работни места, што ја прави прва земја во Европа кога станува збор бројот на вработените во овој период, пишува Андолија Агенцијата.

Според податоците на новинарот на АА кои ги добил од Турскиот државен завод за статистика (ТУИК) и Еуростат, бројот на вработените во Турција во 2012 година изнесувал 24,8 милиони, а трендот на вработување и во наредниот период константно продолжил да расте.

На крајот на 2016 година бројот на вработените во ова земја се искачил на 27,2 милиони, што е за 2,4 милиони повеќе во однос на периодот од пред пет години.

Турција исто така зад себе ги оставила и земјите на Европската унија, а доколку се земаат Германија, Велика Британија, Полска и Шпанија, бројот на новите работни места во ова земја бил поголем од вкупно сите останати 24 членки на Унијата.

Најголем број на вработени, после Турција имала Велика Британија, а а во последните пет години во ова земја работа добиле околу 2,3 милиони жители.

Статистиките покажуваат дека трендот во паѓање на вработување е во земјите како Романија, Грција, Финска, и Јужна Кореја.

Бројот на новите работни емста во Турција забележан е и ова година, а до крајот на јули работа добиле уште 1,1 милион жители, што покажува дека 2012 па наваму во Турција се вработени блиску милион луѓе.

Тренд на вработување во Турција и ЕУ во последните пет години (илјада):

 

2012 2016 Тренд на вработување Процент
EU (28 земји) 225.123 232.136 7.012 3,1
Eurozona (19 земји) 149.863 153.393 3.530 2,4
Турција    24.821   27.205 2.384 9,6
Велика Британија    29.695   31.725 2.031 6,8
Германија    42.061   43.638 1.577 3,7
Шпанија    18.343   18.987    645 3,5
Полска    15.475   16.061    586 3,8
Унгарија      3.976     4.429    454 11,4
Франција    27.185   27.612    427 1,6
Шведска      4.627     4.890    262 5,7
Ирска      1.862     2.045    184 9,9
Чешка      5.065     5.249    184 3,6
Австрија      4.205     4.337    132 3,1
Ловачка      2.209     2.321    112 5,1
Данска      2.767     2.877    110 4,0
Белгија     4.555     4.660    105 2,3
Литванија     1.275     1.361     86 6,8
Португалија     4.581     4.651     69 1,5
Холандија     8.836     8.901     65 0,7
Италија   24.765    24.809     45 0,2
Луксембург        379         418     39 10,4
Естонија        594         625     31 5,3
Малта        173         203     30 17,5
Бугарија     3.436      3.463     27 0,8
Хрватска     1.576      1.599     24 1,5
Словенија        937         960     23 2,4
Латвија       869         886     18 2,0
Јужен Кипар       393        380   -13 -3,3
Финска    2.538      2.517   -21 -0,8
Грција    4.105     4.072   -34 -0,8
Романија    8.645     8.449 -196 -2,3



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 1 = six

%d bloggers like this: