baterija

Ова е новата батерија на Тошиба која има животен век до 1.600.000 километри

[niceyoutubeliteb id=-S2bWaQSegA]

Јапонскиот технолошки див Тошиба, штотуку откри кога ќе се појави новата верзија на литиј-ионската батерија “Super Charge ion Battery”. Таа би требало да овозможи полнење на електричен автомобил за помалку од шест минути.

Не станува збор за батерија која ќе се појави за 100 години. Новата “супер батерија“ ќе биде достапна на почетокот на 2019 година. Автономијата која ја стекнува новиот автомобил со новата батерија оди и до 300 километри.

За да се постигнат такви резултати, грпацијата Тошиба ја смени анодната легура на својата литиј-ионска батерија на батерија ниобиум-титан; нејзиниот капаците на складирање би бил двојно зголемен во споредба со претходните користени материјали.

Тошиба претходно имала слична батерија која можела да се наполни до 90% ос својот капацитет, а за што било потребно помалку од пет минути. Животниот век на стариот модел на батеријата бил околу 10 години. Тие овозможија користење на електричните автомобили Митсибуши и Хонда. До сега во центарот на овие батерии била анода од литиј-титан оксид.

Денес се користи нова анода. Ниобиј-титан оксидната легура има свјства на супрапроводливост при многу ниски температури. Дури и кај -10 ° C за полнење на електричен автомобил би требало само десет минути. Батеријата може да издржи повеќе од 5000 циклуси полнење, што овозможува возење до неверојатни 1.600.000 километри, пред батеријата да биде испратена на “рециклажа“

Во контекст на моменталната политика врзана за “глобалното затоплување“, развојот на овие нови батерии би овозможило помала зависност од нафтени горива, околу кои се водат војни во светот. Што ќе се случи кога сите ќе преминат на електричен погон? Денешната технологија овозможува електричните автомобили да преминат растојание од 100 км, при што е потребно од 10 до 20 киловат електрична енергија.

Колки новите батерии на Тошиба ќе бидат ефикасни, ќе видиме за две години. Се разбира, последниот збор ќе го имаат две светски лоби: нафтеното и еколошкото. За двете профитот е на првото место, а не автономијата и интересот на граѓаните кои сакаат само ефтино да патуваат.

Извор:Logicno




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


4 − = one

%d bloggers like this: