Maryland-696x456

Нова пукотница во САД: Во парк убиени три особи

Денес утринава по локално време пет луѓе се застрелани во парк во Edgewood во американската сојузна држава Мериленд, јавуваат американските медиуми.

Од пет мината застрелани, три починале, а за нападот е осомничен извесен Радед Лабееб Принц (37), изјавил окружниот шериф Harford Jeffrey Gahler.

 Сите пет жртви работеле во градежна фирма Advanced Granite Solutions каде и дошло до пукотницата, а наводно и самиот починител бил поврзан со таа компанија, изјавил шерифот Gahler.

Шерифот потврдил дека осомничениот моментално е во бегство, а наводно вози црн автомобил Acadia од 2000 година. Местото на злочинот оддалечено е околу 50 километри од Балтимор, а снимките од воздухот покажуваат дека тука моментално се насобрале голем број на полициски возила. На лице место се наоѓаат и специјални агенти од Агенцијата за алкохол, тутун, огнено оружје  и експлозиви како би им помогнале на службениците  на локалниот оддел на шерифот.

Во Edgewood заради пукотницата затворени се пет школи, а учениците се задржани внатре во зградата, додека никој друг не смее да влезе во зградата освен полицијата.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 8 = eight

%d bloggers like this: