ГРУЈОВСКИ

Грујевски и Бошкоски би можеле да предизвикаат политички земјотрес

Додека се чекаат дополнителните детали од МВР за приведувањето во Солун на двајцата високи службеници во УБК, упатените посочуваат дека нивните искази би можеле да предизвикаат тектонски поместувања и во политиката.

Од информацијата за приведувањата во Солун на Горан Грујевски и Никола Бошкоски, двајцата поранешни високи службеници во Управата за безбедност и контраразузнавање, би требало да бидат вознемирени и високи политички кругови во Скопје, оценуваат упатените.

Исказите на двајцата бегалци кои беа барани со меѓународна потерница, според Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник во Министерството за внатрешни работи и магистер по безбедносни науки, може сериозно да влијаат врз други личности и од политичката сфера.

„Мислам дека ќе влијаат многу сериозно. Може да се случат одредени, би рекол, тектонски поместувања внатре во партијата, особено за оние функционери кои се предмет на истрагите на Специјалното јавно обвинителство”, вели Ѓурчевски.

На Грујeвски, кој е поранешен началник на петтата управа и Бошкоски, поранешен вработен во разузнавањето, им беше одреден притвор, но откако полицијата не ги пронајде во јули беше распишана и меѓународна потерница по нив.

Тие се обвинети во предметот на Специјалното јавно обвинителство наречен Тврдина за уништување на системи за следење на комуникации непосредно по објавување на таканаречените опозициски „бомби“ пред две години.

Во тој случај кој подоцна беше споен со случајот Таргет, покрај нив обвинети се и поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. И двајцата покрај државни функционери, до неодамна беа и во извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Мијалков летово сам си поднесе оставка, а Јанкулоска не беше избрана во новиот состав.

Повеќе на: РЦЕ




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven + 6 =

%d bloggers like this: