kuvajtski predstavik

ЕКСКЛУЗИВНО (Видео) Кувајтски представник побара израелската делегација да ја напушти седницата на ИПУ

На 137-та седница на Интерпарламентарната унија ( ИПУ) која моментално е во тек во Петровград во Русија, претседателот на Кувајсткото Народно собрание Марзук Ал-Ганим ја повика израелската делегација да ја напушти седницата.

“Би требало да си ги спакувате торбите и излезете од салава, откако ја видовте реакцијата на членовите на парламентите на разните земји во светот“, рекол Ганим, полсе дебатата за апсењето на палестинските парламентарци од страна на израелските власти.

“Излезете од салава доколку имате барем атом на достоинство…Вие сте окупатори, убијци на деца“, додал Ганим притоа политиката на израел нарекувајќи ја “државен тероризам“. “Ова му го велам на бруталниот окупатор, ако барем не чувствувате срам, тогаш правете како што сакате“.

После тоа, израелската делегација ја напуштила салата.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


four − 4 =

%d bloggers like this: