Rohingya refugees in Bangladesh

САД: Военото раководство на Мијанмар мора да одговара за злосторствата

Светот не може мирно да ги посматра злосторствата над Рохинја муслиманите, порачал американскиот секретар Рекс Тилерсон.

“САД местаат дек военото раководство на Мијанмар е одговорно за настаните во таа земја“, рекол денес американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

Тој исткнал, доколку се испостави дека извештаите за злосторствата над Рохинја муслиманите во Мијанмар се точни, тогаш одговорните треба да одговараат.

“Сметаме дека военото раководство е одговорно за она што се случува. Најважно за нас е дека светот не може мирно да ги посматра злосторствата кои се прават во ова област“, рекол Тилерсон.

Тој не образложил како би можеле виновниците да одговараат, ама рекол дека САД ќе соработува со Обединетите нации. Некои американски конгресмени го повикаа Вашингтон да примени финансиски санкции против воените представници вмешани во злосторствата, наведува АП.

Тилерсон побарал да се обезбеди пристап за хуманитарната помош на загрозените граѓани.

Повеќе од половина милион бегалци

Според податоцоте на УНХЦР, повеќе од половина милион Рохинја муслимани досега пристигнале во Бангладеш од мијанмарската провинција Ракхине, бегајќи од воените операции на мијанмарските безбедносни сили.

Обединетите Нации воената офанзива на Мијанмар ја опишаа како етничко чистење.

Мијанмар инсистира на тоа дека државата се “бори против терористите, кои убиваат цивили и палат села“.

Извор:Агенции

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


2 × four =

%d bloggers like this: