oliver

Спасовски: Акцијата за откривање на Грујовски и Бошковски беше регионална

Акцијата за лоцирање и апсење на поранешните началници во УБК, Горан Грујовски и Никола Бошковски била „работена регионално“ и во неа биле вклучени повеќе служби, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во интервју за емисијата „360“ на „Алсат-М“.

– Ова е една акција која што ја работевме регионално, вклучени се повеќе служби и сознанијата кои што ги имавме од претходно доведоа до успешна реализација на оваа акција. За нас како држава во овој момент е важно да се обезбеди правдата во Македонија за сите. Токму од тој аспект клучна задача и цел на МВР беше да ги вклучи сите можни капацитети, да ги лоцираме каде се, заеднички преку регионална соработка која што ја имаме да обезбедиме информации за нив – вели Спасовски во интервјуто.

Грујовски и Бошковски беа уапсени завчера попладне на аеродромот во Солун, кога при пасошка контрола било утврдено дека имаат фалсификувани бугарски пасоши, а потоа и дека за нив е распишана меѓународна потерница од Интерпол по барање на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Тие вчера биле изведени пред јавен обвинител во Солун, каде биле информирани за обвинувањата за кои се товарат од македонските правосудни органи, а денеска, според пишувањата на грчките весници треба да се појавата пред суд во Солун во врска со употребата на лажните (бугарски) пасоши со кои се обиделе да отпатуваат од солунскиот аеродром.

МВР соопшти дека известувањето што пристигнало од Интерпол – Атина за апсењето на Грујовски и Бошковски, веднаш е исппратено до Министерството до правда, кое треба да ги достави сите протребни аргументи за екстрадиција.

За екстрадицијата на Грујовски и Бошковски ќе одлучува Апелацискиот суд во Солун.

Грујовски и Бошковски веќе три месеци се во бегство за да ја избегнат мерката притвор што им беше одредена откако СЈО поднесе обвиненија за предметите „Тврдина“ и „Таргет“, поради незаконско прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР, како и за физичко уништување на дел од таа опрема.

Извор:Мета




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


one × = 5

%d bloggers like this: