katalonija_3

КАТАЛОНЦИТЕ ГО ВОЗВРАЌААТ УДАРОТ: Масовно ги подигнуваат парите од банките

Група која го организира движењето за независност на Калонија, синоќа ги повикала своите приврзаници да ги повлечат парите од банките и на тој начин извршат притисок на овие институции.

Десетици луѓе веќе започнале да стојат во редови пред филијалите на банката Каиша во центарот на Барселона.

Повеќето започнаа да подигнуваат од 150 или 160 евра од банкоматите. Износот е симболичен бидејќи според членот 155 од Уставот на Шпанија, владата може да ја суспендира автономијата на Каталонија.

Мадрид вчера соопшти дека ќе превземе чекори за одземање на автономијата на Каталонија откако лидерот на Каталониа Карлес Пуџдемон се закани дека официјално ќе прогласи независност доколку централната власт продолжи со “репресијата“.

Двете најголеми каталонски банки, Каиша и Сабадељ, своите седишта ги пресселија надвор од Каталонија.

 

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


5 × = fifteen

%d bloggers like this: