makedonija_izbjeglice_ap_main_1_2

РЕЏЕПИ:Како пропадна ксенофобната реторика

 redzepi-malaПишува: Јасмин Реџепи
Во времето на тектонските промени во европските политички плочи, сведоци сме на различни влијанија на регионалната, но и на локалната политичка сцена.
makedonija_izbori_1_getty_main_1
На многумина резултатите од локалните избори во Македонија ги изненадија бидејќи не очекуваа дека од 45-те избрани градоначалници во првиот круг, опозициската ВМРО-ДПМНЕ да добие само три градоначалнички места, а во вториот круг ќе гласа во 35 општини.
Владејачката СДСМ освои најголем дел од градоначалничките места, односно 38, вклучувајќи го и градот Скопје. Досегашните резултати се силна потврда дека новата Влада го презеде вистинскиот пат на слобода и евроатланската интеграција.
За прв пат по 11 години, граѓаните немаа никаков притисок да гласаат со нивното убедување и резултатот беше катастрофално поразувачки за опозицијата. Опозицијата немала да понуди конкретни предлози на локалните избори, па сакаше да ги мобилизира своите гласачи и симпатизери со иницијативата против бегалците.Започнаа да собираат потписи за референдум против мигранти, кои според нив во голем број биле наметнати од земји на Европската унија. Калкулираа со бројки од десет до дваесет илјади. За нив, бегалците беа главна закана за демографијата, економијата и безбедноста, па дури и советите на некои општини одредеија на денот на локалните избори да се одржи референдум за решавање на бегалците.
Неуспешна стратегија
Државната изборна комисија одби да го одржи референдумот на денот на локалните избори и на тој начин им пропадна предизборна стратегија и загубија изборите во сите овие општини. Ние силно се спротивставивме на инволвирањето на бегалците во предизборната кампања, но бидејќи опозицијата не нѐ слушаше и не понуди нешто позитивно за граѓаните, наместо ксенофобичната реторика, им  пропадна стратегијата и ги одведе во историја.
За жал, бегалците исто така беа дел од политичката изборна кампања на Себастијан Курц и неговата политичка партија. Во исто време, како што одвиваа предизборните кампањи во Македонија и Австрија, во Виена се одржа конференција за балканската рута, каде што претставниците на организациите за човекови права, па дури и поранешниот пратеник на ЕУ Ханес Свобода, истакнаа дека Курз во своите говори и излагања се фали додека тој го сопрел бегалски бран и ја затворил балканската рута. Тој, исто така, вети дека ќе ја затвори медитеранската бегалска рута, и со таа цел, исто така, одржал и состаноци со либиските власти. И не изостануваат и најавит за ограничување на социјалната помош за бегалците во Австрија и за намалување на нивниот број во земјата.
Бидејќи мојот говор следеше како коментар на европратеникот Ханес Свобода, меѓу другото, се осврнав на тоа  дека балканската рута само официјално е затворена, ама во пракса бранот на бегалци никогаш не престана, освен ја подели рутата и интензитетот. Така, во Србија во септември регистрирани се 350 нови бегалци кои влегле во Македонија и 450 кои влегле преку Бугарија.
Секое ограничување на социјалната помош и интеграцијата на бегалците во општеството ќе придонесат за нивната гетоизација и повлекување од општеството, што ќе доведе до големи безбедносни проблеми на неинтегрираните жители во општеството. Еден пример за тоа се различните политики за мигранти и бегалци од две соседни европски земји, Франција и Германија. Гетоизацијата на мигранти што со децении е видлива во Франција речиси незабележлива е во Германија.
Иако загрижувачка е и политичката состојба сега после изборите во Германија и зголемување на поддршката на екстремните десничарски гласови. Заради ова, Меркел мораше да се согласи со ограничување на квотата за примање на бегалци и мигранти до 200.000 годишно, што досега не беше случај. Политиката на канцеларката Меркел не го ограничи бројот на баратели на азил, иако селекцијата стана порестриктивна.
Кампања на грбот на бегалците
Етички е погрешно да се заснова политичка кампања на грбот бегалците и мигрантите, особено кога се користат лажни информации, но, за жал, ксенофобичната стратегија на Орбан раѓа успех за десничарските партии во Европа, па така и Курц победи на изборите на 15-ти октомври со 31,5 проценти од гласовите. Се надевам дека новата промена на власта во Австрија нема да биде реплика на политичката ситуација на Унгарија или Македонија од изминатите 11 години, имајќи предвид дека Курц и Орбан му дадоа голема поддршка на Груевски за време на предизборната политичка кампања а таквата политика ја следат Словачка, и Полска.
За разлика од политичките промени во ЕУ, каде што десницата добива на значење, граѓаните на Македонија покажаа голема зрелост и желба да се тргне низ европските интегративни процеси, отворено општество и почитување на човековите права и слободи, каде што стоевме пред 11 години. Единствено загрижува можноста ЕУ да продолжи со растот на негативните промени, а со тоа и растот на ксенофобијата и евроскептицизмот и да ја затвори вратата за интеграција на Македонија и другите земји од Западен Балкан. Додека луѓето од Западен Балкан сонуваат за голем американски и европски сон, Трамп, Курц, Орбан и други лидери на европските земји го уништуваат. Дали тоа ќе продолжи, ќе покаже времето, а нашата цел е да работиме на промовирање на сите европски вредности и придобивки од евроатлантските интеграции како клучен фактор за стабилноста во регионот.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


eight − = 5

%d bloggers like this: