ташкент џамија

ПОСЛЕ ЕДНА ДЕЦЕНИЈА МОЛК: Езан од џамиите во Узбекистан повторно се пушта по пат на разглас

Езан од џамиите во Узбекистан после речиси десет години повторно е пуштен по пат на разглас.
Така, езанот во џамиите и месџидите во оваа азиска земја од сега може да се слушне и од оддалечните места.
На состанокот одржан на 26 октомври во Ташкент, религиозните претставници дискутираале дека езанот во земјата да се учи по пат на разглас.
После тоа, била донесена одлука во главниот град на Ташкент и во другите градови во земјата, езанот од џамиите се учи токму на овој начин.
Според пишувањето на локалните медиуми, езанот од џамиите во земјата ќе биде проучен по пат на разглас.
Инаку, претходното разгласот во земјата бил користен за учење на езан и  Ку`ран само за време на месецот Рамазан, Курбан-бајрам и терави-намаз.
Во други прилики, разгласот не бил користен, а езанот можел да се слушне само во внатрешноста на џамијата.
Во последниве години, повикот за молитва по пат на разглас во Узбекистан бил забранет, бидејќи официјалната влада тврдела дека во секуларна земја не може езан да се проучува по пат на разглас.
Според неофицијални информации, во Узбекистан се наоѓаат повеќе од две илјади џамии и месџиди. Во таа земја има 32,9 милиони жители, од кои 79 отсто се муслимани.
 Извор:(TBT)



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


three + 3 =

%d bloggers like this: