LUVR1

(Фото) АБУ ДАБИ: Свечено отворен музејот Лувр

Абу Даби. 11.ноември 2017.Десет години после покренувањето на проектот, свечено беше отворен музејот Лувр во Абу Даби, првиот универзален музеј во светот кој носи порака за толеранција.
Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит го отворија музејотзаедно  со лидерот на Обединетите Арапски Емирати Мухамед бин Зајед и неколку други лидери од арапските земји.
Брачниот  Макрон и лидерот на ОАЕ ги посетија пространите бели простории на музејот Лувр Абу Даби, во друштво со мароканскиот крал Мохамед Шести, претседателот на авганистан Ашраф Гани и 400 други функционери.
Главната галерија на музејот, како и другите галерии, има стаклен покрив.
Пред десет години, Франција и Обединетите Арапски Емирати потпишаа договор за изградба на Лувр во Абу Даби, со што Абу Даби се согласи да плати 525 милиони долари за користење на името “Лувр” во следните 30 години и шест месеци, како и 750 милиони долари за ангажирање на француски менаџери , задолжен за следење на 300 уметнички дела позајмени од 13 музеи.
Изградбата на музејот коштала 654 милиони долари, а објектот се состои од 55 одвоени згради. Куполата со пречник од 180 метри покрива поголем дел од зградите на музејот и може да се види од морето.
Културната зграда ќе биде отворена за јавноста од саботата кога ќе се очекуваат танцови претстави и концерти кои ќе траат до 14 ноември. На отворањето ќе бидат изложени 300 дела. Арапската колекција ќе се состои од 600 дела во трајно поставување, од кои на отворањето ќе има 200 дела.
За разлика од другите музеи кои нудат дела според одредена класификација, стилови или цивилизации, музејот во Абу Даби ќе ги истакне универзалните теми и интеракциите на цивилизациите.
Лувр во Париз е еден од најголемите и најпознатите музеи во светот. Речиси 35.000 експонати од праисторијата до 19 век се изложени во зградата.
Извор:wam

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 − = six

%d bloggers like this: