3305863-1000x555

СЛОВЕНИЈА: Откажана депортација на азилант, граѓаните сочувале Сириец

Заради големото незадоволство на граѓаните, Словенија ја откажа планираната депортација на сирискиот барател на азил Ахмад Шамиех.
Премиерот Миро Церар изјавил дека владата на една од предстојините седници ќе го разгледа одобрувањето на предстој на Шамиех, пренесува АП.
Шамиех аплицирал за азил во Словенија пред 20 месеци откако беше одбиен да влезе во соседна Австрија.
Властите во Словенија го отфрлија неговото барање, инсистирајќи на тоа дека неговиот случај треба да биде решен од страна на Хрватска во која престојувал пред да пристигне во Словенија.
Државната агенција на Словенија СТА објави дека Шамиех бил ангажиран во општествено корисна работа и дека станал пример на успешна интеграција на бегалците.
Тој, исто така, добил поддршка и од групите за човекови права и либералните политичари, а некои од тие политичари денес го однеле во зградата на парламентот за да го заштитат од можна присилна депортација.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


nine − = 7

%d bloggers like this: