хоџа

Внукот на Енвер Хоџа признал дека шверцувал кокаин

Апелациониот суд на Албанија ја намали затворската казна на внукот на покојниот комунистички диктатор Енвер Хоџа и некои негови соработници откако признале дека шверцувале кокаин од Латинска Америка до Западна Европа.
Апелациониот суд за тешки кривични дела во Тирана ја намали 10-годишната затворска казна на Ермал и тројца негови соработници, кои ги признаа наводите во обвинителниот акт.
Хоџа (42) и другите членови на деветчлената група беа уапсени во јануари 2015 година откако полицијата заплени 120 килограми кокаин, пари и оружје во нивната база во близина на Тирана.
Ермал Хоџа е најстариот внук на Енвер Хоџа, кој владееше со Албанија од 1944 година до неговата смрт во 1985 година, пет години пред крајот на комунистичкото владеење во таа земја.
Извор:cdm



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


4 + = nine

%d bloggers like this: