Erdogan-NATO-Turska-940x560

Турската војска ги повлече своите војници од воена вежба со НАТО

После острите изјави на турскиот претседател Ердоган против САД за “помошта која Пентагон и ЦИА им ја даваат на курдските терористи во северна Сирија”, Анкара ја повлече својата војска од воената вежба на НАТО во Норвешка.
Изјава за повлекување на турските војници ја дал претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Причината за оваа одлука според зборовите на турскиот претседател, фактот што во пресрет на вежбата бил поставен изложбен штанд со фотографии на “непријатели”.
ФОТО: Илустрација, турска армија
“На фотографите беше оснивачот на Турција Мустафа Кемал Ататурк и јас. Кога слушнавме за ова, нашиот шеф на кабинет и министерот за европски прашања беа на пат за Канада. Началникот на Генералштабот ме информираше за одлуката за повлекување на 40 турски војници кои учествуваа во вежбите на НАТО. Турското раководство ја поддржа таа одлука “, изјавил Ердоган.
Како што е истакнато, Анкара нема да ја преиспита својата одлука “дури и ако името на Ататурк и моето биде тргнато од листата на непријатели“ рекол турскиот лидер.
Во меѓувреме, весникот “Хуријет дневни вести”- Hürriyet Daily News , објави дека НАТО го пронашол офицерот кој во текот на вежбата на штанд насловен како “непријатели“ поставил фотографии на Ататурк и Ердоган и дека веднаш бил отпуштен од воената служба. Норвешката НТВ, ја потврди веста, не го именуваше службеникот или неговата земја на потекло.
Извор:logicno



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 9 = eighteen

%d bloggers like this: