подморница

Исчезнала Аргентинска подморница со 44 член екипаж

Аргентинската воена подморница со 44 членови на екипажот исчезнала во петокот, по што била покрената огромна потрага по пловиотол кое може да има технички проблеми со комуникацијата, изјавил Енрике Балби, портпарол на морнарицата.
Оваа подморница се наоѓала во јужното аргентинско море, на повеќе од 400 километри од брегот на Патагонија, кога ги објавила последните информации за својата позиција, објави Ројтерс.
“Ние ги испитуваме причините за прекин на комуникациите. Ако има проблем за комуникација, подморницата треба да дојде на површината”, рече Балби.
Балби рече дека подморницата, која го напуштила јужниот град Ушуаја да пристигне во Мар дел Плата, има доволно храна за неколку дена и најверојатно ќе продолжи со своето патување и покрај проблемите со комуникацијата.
Извор:Klix



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


4 + two =

%d bloggers like this: