турско знаме

Турција покрена истрага против двајца американски представници

Турција започна истрага против поранешниот обвинител и актуелен правобранител, кои биле вмешани во случајот против турски граѓани во Њујорк.
Јавното обвинителство во Истанбул го обвини поранешниот американски адвокат Прит Барар и сегашен правобранител во Њујорк Јуна Кима за кршење на меѓународното право кога станува збор за употребата на информации и документи во еден случај во САД, пишува Анадолија.
Како што е наведено, тие добија аудиоснимки и лажни документи од непознати лица, наместо да добијат информации од официјални канали за еден случај со турски граѓани во САД.
Турските власти го обвинија Барар за поврзаност со муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого го сметаат дека е одговорен за минатогодишниот неуспешен државен удар во Турција, објави АП.
Од друга страна Ѓулен негира дека учествувал во организацијата на државниот удар во Турција.
Извор:cdm



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 1 = seven

%d bloggers like this: