IMG_0236 (Copy)

Промоција на книгата “Ги Отворија Душите и Срцата“ од авторот Амар Халид

Подгорци. 18.ноември.2017.Синоќа во просториите на Едукативно Образовниот Центар – ЕВЛАД беше извршена промоција на книгата “Ги Отворија Душите и Срцата“ од авторот: Амар Халид, а во превод и обработка на проф. Вебија Муслиоски.

Пред присутните посетители на ова промоција, г-динот Муслиоски накратко се осврна зошто токму се определил за превод на оваа книга од страна на Египетскиот писател Амар Халид, потенцирајќи дека според него едно вакво литературно остварување, имајќи ја во предвид нејзината содржина вреди да се најде во рацете на сите оние кои сакаат да прочитаат и разлистаат литературните страници со исламска содржина, и дека она што тој успеал да го прочита во ова дело на познатиот египетски писател, е токму причината за која одлучил истата да ја преведе и на македонски јазик, и на тој начин донесе поблиску до секој читател, а истовремено и одблиску запознаат и со овој писател, и автор на оваа книга.

IMG_0215 (Copy)

Инаку, г-динот Вебија Муслиоски, наставник е по Македонски јазик, и ова представува второ негово остварување, односно втора обработка на книга од светот на литературата.

Ваквите литературни дела, треба да продолжат и понатаму да си го наѓаат своето место, односно ваквите книги треба да бидат во рацете на вистинските љубители на книги со ваква содржина, од делот на познатите исламски писатели и мислители. Иншала ако Господ даде, ќе продолжам и понатаму со вакви мои остварувања и допринесам за пораките на ваквите дела да допрат до сите нас, ни изјави накратко г-динот Вебија Муслиоски.

IMG_0227 (Copy) IMG_0230 (Copy) IMG_0236 (Copy) IMG_0239 (Copy) IMG_0240 (Copy) IMG_0241 (Copy)

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 + = thirteen