ердоган

Ердоган не го прифаќа извинувањето на НАТО

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го отфрлил извинувањето на НАТО откако неговото име се појави на “непријателски плакат” за време на вежба во Норвешка.
“Го видовте вчера, однесувањето полно со непочитување за време на воената вежба на НАТО. Постојат грешки грешки кои не ги прават будали, туку луѓе со низок морал. Тоа не може лесно да се заборави “, изјавил Ердоган во говорот емитуван во живо на телевизија, објави Ројтерс.
Турскиот претседател истакнал дека ова не може да се игнорира со “обично извинување”.
Тој вчера изјави дека Турција ги повлекла 40-те свои војници од воената вежба на НАТО во Норвешка, откако неговото име се појави на листата на непријатели на постер за време на оваа вежба.
НАТО и Осло и` извинија на Турција по инцидентот за време на воената вежба во норвешкиот, каде Мустафа Кемал Ататурк и претседателот Ердоган беа “прикажани како непријатели”, после што турскиот лидер ги повлече своите војници од маневрите.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјавил дека “виновникот” за инцидентот не бил член на НАТО, туку човек што бил ангажиран од владата на Норвешка.
Извор:cdm



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


× 9 = nine

%d bloggers like this: