svedska kula

Шведска компанија гради кула во која ќе расте зеленчук, а ќе го одгледуваат роботи

До 2050 година, се очекува на земјата да живеат 9,6 милијарди луѓе, а 66 отсто од нив ќе се населат во урбаните средини.
Голем број на градови се прашуваат како овие луѓе ќе се хранат. Шведската компанија “Плантагон” предлага градови да размислат за изградба на кули во кои ќе бидат лоцирани големи затворен фарми. Компанијата веќе почна да гради таква кула во Линкопинг.
Кула наречена Светска прехрамбена зграда ќе работи хидропонично, што значи дека зеленчукот ќе расте без почва во хранлив воден раствор. Ханс Хасле, за Bussines Insider, изјавил дека фармата ќе биде претежно автоматизирана.
Изградбата на кулата во вредност од 40 милиони долари започна во 2012 година, а отворањето се очекува во почетокот на 2020 година.
Се очекува во кулата од 16 ката годишно да биде произвеено ,550 тони зеленчук  што е доволно за исхрана на околу 5.500 луѓе секоја година. Околу две третини од кулата ќе имаат канцеларии, додека остатокот ќе бидат наменет за фармата. Култури ќе растат со користење на природна сончева светлина и LED диоди кои ќе бидат калибрирани на специфични светлосни фреквенции со цел да се зголеми производството. Многу работни места на фармата ќе бидат извршени од роботи, што ќе резултира со пониски оперативни трошоци.
Во кулата ќе има пазар каде луѓето ќе можат да купуваат зеленчук, а локалните ресторани и трговци ќе можат да купат храна од Плантагон. “Плантагон” дизајнирал и друга слична фарма во облик на свет, но сè уште нема планови за изградба.
Од компанијата се надеваат дека нивната кула, исто така, ќе ги зајакне градовите низ целиот свет за изградба на големи фарми во затворен простор.
(Vijesti/ Klix)



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


eight − 3 =

%d bloggers like this: