хурие

СО БЛАГОСЛОВ НА ЕРДОГАН: Прва жена именувана за заменик на турскиот реис

На позицијата заменик претседател на Управата за верски работи на Република Турција (Diyanet)  именувана е Хурие Марти, со што ја понесе исто титулата на првата жена на оваа позиција во турската историја, јави Анадолија.
“Врз основа на договорот на претседателот на државата, премиерот и претседателот на Управниот одбор, позицијата на заменик-претседателот на Управата за верски прашања за прв пат именувана е жена проф. Д-р Хурие Марти. Во понеделник таа ќе ја преземе функцијата”, потврди турскиот заменик-премиер Бекир Боздаг.
Боздаг, кој престојува во турскиот град Сирнак, изјавил дека е донесена одлука во наредниотн период , во секој турски град на позицијата заменик муфтија да биде именувана најмалку една жена.
Тој исто така изјавил дека ќе биде зголемен бројот на жени на курсевите за арапски јазик.
Хурие Марти е родена 1974 година во Анкара, ги завршила своите медресе во Коња, а потоа дипломирала во истиот град на Факултетот за исламски науки на Универзитетот во Селчук. На истиот универзитет таа ги завршила своите магистерски и докторски студии, по што таа се занимавала со научни истражувања во Јордан.
Во 2011 година Марти била назначена за раководител на Канцеларијта семејство и вера Турската. Таа е автор на голем број академски дела, а мажена е и мајка на три деца.
(ТБТ,)



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


two + = 3

%d bloggers like this: