туск

Туск ја спореди Полска со властите на Русија:“Тревога!, ова како да се планови на Кремљ“

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера изјави дека е вознемирен затоа што, како што истакнува, заради зголемената сличност на полската десничарска влада со “плановите на Кремљ”.
Потсетуваме полската владеачка партија правото и правдата (PiS) веќе некое време е во конфликт со лидерите на ЕУ, како и со Туск, поранешен полски премиер кој на актуелната функција се наоѓа од крајот на 2015 година.
Туск вчера објави порака во која се вели: “Аларм! Жестокиот спор со Украина, изолацијата во Европската унија, отуѓувањето од владеењето на правото и независноста на судството, нападите врз невладините сектори и слободните медиуми – стратегијата на ПиС или планови на Кремљ? Премногу сличности за да бидеме во мир”.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


4 + = twelve

%d bloggers like this: