ирансаудија

ЗВЕЦКАЊЕ СО ОРУЖЈЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК: “ Иранските закани ги преминаа границите!“

Арапските држави се согласија дека нема да застанат на страна соочени со иранското мешање во арапските прашања. Регионалните тензии се зголемија меѓу сунитската монархија на Саудиска Арабија и шиитскиот Иран во врска со либанскиот премиер Саад ал-Харири, кој одеднаш се повлече од функцијата премиер на Либан во текот на неговиот  предстој во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Двете земји од Блискиот Исток, исто така, се судрија и околу ескалација на војната во Јемен.
Тензии меѓу Иран и Саудиска Арабија
Харири, сојузник на Саудиска Арабија, поднесе оставка на 4-ти ноември, обвинувајќи го Иран и Хезболах за ширење на раздор. Но, либанскиот претседател Мишел Аун, член на христијанската заедница, ги обвини Саудијците дека го држат Харири како заложник и дека го убедиле да поднесе оставка. И официјален Ријад и Хари ги отфрлаат овие тврдења.
Хезболах, сојузник на Аоун, воена е група која учествува во сириската војна, ама како политичко движење е дел од либанската влада составена од конфликтните фракции.
Саудиска Арабија ова движење го обвинува дека од Јемен лансирале ракета на Ријад. Иран негира дека ги вооружува Хутите во Јемен, една од завојуваните страни во ова држава.
“Кралството нема да стои настрана и нема да се двоуми да ја брани својата безбедност”, изјавил министерот за надворешни работи на Саудиска Адела Џубеир на собирот во Каиро.
“Секој вид на попуштање кон нивната политика само ќе ги охрабри, и затоа мораме да се држиме заедно”, додал министерот, осврнувајќи се на Иран и неговите регионални сојузници.
“Иранските закани ги преминаа сите мерки и го турнаа регионот во опасна провалија”
Неочекуван состанок на министри за надворешни работи на Арапската лига се одржа на барање на Саудијците, со поддршка на Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Кувајт, а на него се  разговарало за методите за носење спрема ирански интервенции, пренесува египетската државна новинска агенција МЕНА.
Ахмед Абул Гејт, генерален секретар на Арапската лига, која се состои од 22 земји, им пораќал на министрите дека арапските земји ќе го покренат прашањето за овој проблем пред меѓународните организации, вклучувајќи го и Советот за безбедност на Обединетите нации.
“Иранските закани ја пренесоа секоја мерка и го турнаа регионот во опасна провалија”, тврди Геит.
Во граѓанската војна во Јемен, во постоја судир се меѓународно призната влада која ја подржува Саудиска Арабија и нејзините сојузници, бунтовниците Хути и силите лојални на поранешниот претседател Али Абдула Салех.
По француската интервенција во саботата, Харири отпатува за Франција, каде што се состана со претседателот Емануел Макрон. Во понеделникот тој ќе го посети Каиро, открил член на неговата партија, Движењето за иднината.
Харири во Париз најави дека својот став за моменталната ситуација ќе го објави кога во наредните денови ќе се врати во Бејрут.
(СБ)



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


two + 6 =

%d bloggers like this: