turcija nato

Турција најави дека ќе го разгледа своето членство во НАТО

Време е повторно да го преиспитаме членството на Турција во НАТО пактот, изјавил за турските медиуми заменик-претседателот Јалчин Топчу.
Турскиот парламент наскоро треба да го разгледа прашањето за членство на земјата во таа организација, изјавил помошникот на  Реџеп Тајип Ердоган.
“НАТО, за жал, се однесува непријателски кон Турција”, рече Топчу.
Изјавата доаѓа по инцидентот на воените вежби на НАТО во Норвешка, каде што името на турскиот претседател по грешка беше вклучено во “листата на непријатели на Пактот на НАТО”.
Според генералниот секретар на Организацијата на Северноатлантскиот договор, Јенс Столтенберг, лицето одговорно за инцидентот не е персонал на Пактот и има склучено граѓански договор, кој во моментов е прекинат.
Потсетуваме дека поради овој инцидент, Турција го повлече својот контингент од вежбата на НАТО во Норвешка.
Сепак, ова е само капка која ја прелила чашата и формален изговор за да се разговара за статусот на Турција во Пактот на НАТО. Проблемите се далеку покомплицирани, почнувајќи од острото противеење на Турското купување на  руските системи С-400 до поддршката која САД и ЕУ им ја обезбедуваат на Курдите во северна Сирија, кои не кријат дека се “блиски сојузници”, подобро кажано огранок на Курдската работничка партија (ПКК) од Турција, која Анкара ја смета за терористичка организација.
Извор: Logicno



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


9 − = four

%d bloggers like this: