асад и путин

Ненадејна посета на Башар ал-Асад на Русија и средба со Владимир Путин

“Вчера рускиот претседател Владимир Путин во Сочи итно го примил сирискиот претседател Башар ал-Асад”, извести рано изутринава Одделот за односи со јавноста на Кремљ.
Претседателот Владимир Путин се состана со претседателот Башар ал-Асад во Сочи, каде што разговараа за продолжување на политичкиот процес во Сирија.
“Борбата против терористите завршува”, изјавил рускиот претседател.
“Тие разговарале за политичката иднина на Сирија со претседателот Башар ал-Асад”, продолжил рускиот лидер.
“Се надевам на скоро политичко решение во Сирија, кое ќе се постигне со помош на меѓународната заедница и Обединетите нации”, изјавил претседателот Путин.
Владимир Путин му честитал на Башар ал Асад за резултатите што ги постигнала сириската армија против тероризмот.
“Руските операции во Сирија го овозможуваат политичкото решение за сирискиот проблем”, рекол претседателот на Сирија, Башар ал-Асад.
“Што се однесува до процесот, Русија придонесе за нејзиниот напредок, првенствено почитувајќи ја Повелбата на ОН, суверенитетот и независноста на Сирија”, надополнил Асад.
Претседателот Асад ја искористил средбата со претседателот Путин да ја изрази својата искрена благодарност за помагањето на луѓето во Сирија.
“Значителен напредок е постигнат на крајот од овој период, како на бојното поле, така и на политичкиот фронт. Многу делови од Сирија се ослободени од терористи, а Сиријците кои биле принудени да ја напуштат својата татковина овозможено им е враќање на ослободените подрачја “, додал сирискиот претседател.
Покрај рускиот претседател, високи претставници на Армијата на Руската Федерација присуствувале на состанокот.
Извор:Logicno



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


− 2 = seven

%d bloggers like this: