геј

ЕУ започна со разгледување на признавањето на геј браковите

Европскиот суд на правдата денес почна да го разгледува признавањето на браковите од ист пол во земјите на Европската унија, каде што ваквите бракови не се легални.
Денешното рочиште во Луксембург се одржува по барање на Уставниот суд на Романија.
Романскиот Уставен суд побара од Европскиот суд да донесе одлука за случајот на романско-американски партнер кој сака нивниот брак склучен во 2010 година да биде признаен во Романија каде што браковите од ист пол не се признаваат.
Романската адвокатка Џастин Џонеску на сослушувањето пред Европскиот суд на правдата денеска во Луксембург изјави дека бракот на двојката треба да биде признаен врз основа на принципот на слобода на движењето на ЕУ.
Претставници на Романија, Унгарија, Полска и Естонија денеска во судот изјавија дека не сакаат терминот “сопруг” да се однесува на истополовите заедници.
Ист половите заедници или граѓанското партнерство се признаени од 22 од 28 земји-членки на ЕУ.
Извор:cdm



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


7 − three =

%d bloggers like this: