nigerija napad

Најмалку 50 мртви во напад во Нигерија

Најмалку 50 лица загинаа во самоубиствен напад во џамија во североисточниот дел на Нигерија, соопшти полицијата.
Според локалниот претставник Ахмед Мус, десетици лица се повредени, пренесува Ројтерс.
Бомбашот, млад човек, активирал експлозив во време кога верниците дошле на утринската молитва, изјавил портпаролот на полицијата, Отан Абубакар.
Абубакар изјавил дека бомбаш-самоубиец, тинејџер, активирал експлозив додека бил со други верници во џамијата.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот досега, но постојат сомневања дека членовите на  милитантната група Боко Харам се одговорни, кои претходно изведоа неколку слични напади.
Оваа  терористичка група е обвинета за многу слични напади.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


seven − = 4

%d bloggers like this: