merkel

Најголема криза ја тресе Германија, а Меркел порачува дека не се плаши

По неуспешните разговори за “Јамајка коалицијата”, германската канцелар не гледа причина да се повлече. Ако дојде до нови избори, таа е подготвена повторно да ја води партијата во изборната кампања, изјавила синоќа во емисија за ТВ каналот на ЗДФ под наслов “Сега што, госпоѓо Меркел?”
“Не се плашам од ништо. Тоа не беше тема. Мислам дека Германија сега има потреба од стабилност “, рекла Меркел, додавајќи дека дури и не размислува за повлекување.
Во емисијата “Brenpunkt” на каналот ARD, канцеларката рече дека во изборната кампања ветила дека е подготвена да ја преземе одговорноста во наредните четири години. Таа ја отфрли можноста за формирање малцинска влада “, која би зависела од гласовите на Алтернативата за Германија”. Во такви околности, новите избори се подобар начин, смета Ангела Меркел.
Извор:cdm



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


6 + = fourteen

%d bloggers like this: